Спорт
Нов убедлив триумф за Манчестер Јунајтед на подготовките

Манчестер Јунајтед оствари уште една убедлива победа на турнејата низ Австралија. Тимот на Ерик тен Хаг славеше против Мелбурн виктори со 1:4.
Мелбурн поведе со прекрасниот гол на Кристофер Икономидис во петтата минута, но Јунајтед одговори со погодоците на Мектоминеј и на Марсијал непосредно пред одморот.
Маркус Рашфорд во 78.минута го постигна третиот гол за Манчестер Јунајтед, а во финишот Мелбурн си постигна и автогол за конечни 1:4.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Залевски во Аталанта

Аталанта, влегува во нова ера со хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој го наследи на клупата Џанпјеро Гасперини. Искусниот тренер по 10 години замина од Бергамо, се пресели во Рома.
Аталанта во досегашниот тек од преодниот рок приходуваше 104 милиони евра од продажба на играчи. Клубот може да си дозволи нови играчи, го потпиша напаѓачот на лече, Никола Крстовиќ за 25 милиони евра, а по Црногорецот во клубот пристигна полскиот играч од средниот ред Никола Залевски (23).
Италијанските медиуми објавувија дека полскиот репрезентативец потпишал четиригодишен договор со Аталанта. Трансферот е „тежок“ 17 милиони евра.
Залевски помина низ младинската академија на Рома, а во пролетниот дел од минатата сезона беше позајмен во Интер, кој го откупи неговиот договор за шест и пол милиони евра во јули. Но, по само 50 дена, Интер го продаде на Аталанта.
Залевски има одиграно 29 натпревари за полската репрезентација, постигнал три гола и забележал седум асистенции.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мурињо доби уште едно засилување

Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, премина од Салцбург во Фенербахче, објави денес турскиот клуб.
Офанзивниот играч од средниот ред Нене (22) ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но играше како позајмен играч во Лиферинг, Рид и Вестерло.
Во сите натпреварувања, тој постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург.
„Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за траен трансфер на играчот од Мали, Доргелеш Нене. Играчот, кој ги заврши медицинските прегледи, потпиша петгодишен договор. Му посакуваме добредојде на Нене и му посакуваме успех во дресот на нашиот клуб“, објави Фенербахче.
Клубот не објави финансики детали од трансферот.
Foto/ Fenerbahçe SK
Спорт
Најголемото засилување на Парма доживеа тешка повреда

Најголемото засилување на Парма во актуелниот преоден рок, Матија Фриган доживеа тешка повреда поради што ќе отсуствува помеѓу четири и шест месеци.
Хрватот, Матија Фриган (22) пред четири дена о официјализира трансферот во Парма од Вестерло вреден 10 милиони евра.
Фриган заработи повреда на коленото за време на тренингот, а прегледите го потврдија најлошото можно сценарио.
Ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека ќе паузира околу шест месеци.
Фриган потпиша договор со клубот од италијанската Премиер лига до 2030 година.
Фото/ Принтскрин