Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка
Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот кој протестира на слобода, се истакнува во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„На 7.7.2022 година, МВР излезе со официјално соопштение, во кое наведуваат дека лицето Е.Ј. од Скопје, кое на истиот ден со огнено оружје – пиштол од марката Walter P99 пукаше додека поминуваше колона на луѓе при протест и поднесе кривична пријава по брза постапка. За денеска една недела потоа ЈО да излезе со став дека пиштолот од кој било пукано не е огнено оружје, туку пиштол за светлосно звучна сигнализација од марката EKOL Aras Magnum. ЈО си зема за слобода и покрај наодот на МВР, кои излегле на лице место и го зеле пиштолот од кој било пукано да излезе и да каже дека пиштолот од кој било пукано е друг пиштол, а не тој кој првично е најден кај лицето“, е потенцирано во напишаниот допис.
И додека се случува ова МВР молчи, оценуваат од партијата на Мицкоски и следно како што велат е да излезат и да кажат дека направиле грешка и да се извинат што го вознемириле пукачот.
„Предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски прават кривично дело од чл.353 Злоупотреба на службена положба и овластување и чл. 365 помагање на сторител во извршено кривично дело. Власта е до толку во паника што се впушта во прикривање на кривично дело и обид за убиство. И предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски треба да знаат дека прикривањето и злоупотребата на службената положба се кривични дела за кои ќе одговараат“, се додава во напишаното од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

