Македонија
(Видео) Генчовска: Бугарија не прави никакви отстапки во однос на јазикот
Бугарската министерка за надворешни рабпти Генчовска изјави дека протоколот содржи исклучително амбициозни мерки, кои во пракса имаат за цел да решат многу од отворените прашања.
„ Ова не е документ сам по себе, туку составен дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“. Оттука, ние продолжи работата на ниво „експерти“ со тим од РСМ“, рече Генчовска.
Таа додаде дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.
„ При одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција. Дури по овој процес ќе има втора меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите во РСМ – може да трае 3 месеци, како што беше при промената на името на државата, може да трае две години“, нагласи таа.
Според неа, следните чекори треба да доведат до вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. На прашање на БНТ, Генчовска посочи дека Бугарија не отстапува од ставот за јазикот со оглед дека преговорите со ЕУ ќе бидат преведени на официјалниот јазик на РСМ.
„ Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на РСМ. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 членови, сепак, ова е поконкретно – тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став, но бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, рече Генчовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

