Македонија
(Видео) Коциќ: Објавен е Протоколот, сите лаги на Мицкоски паднаа во вода
Сите лаги на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица потонаа во вода! Вчера и јавно се објави Протоколот и сега е јасно како бел ден, сè што кажаа излажаа. Се докажа она што постојано го тврдевме, македонскиот јазик во ЕУ влегува со чиста формулација, без фусноти без никакви придавки и дополнителни објаснувања, истакна на денешната прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.
„Нема никаква бугаризација и асимилација како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата целосно автономно одлучува и содржински и временски без да им се меша политиката и без рокови. Имаме гарантиран реципроцитет за сите прашања, тоа што важи за нас важи и за Бугарија.
Дополнително, без согласност на двете страни нема да има можност да се случи никаква промена во однос на која било од точките што се во Протоколот. За разлика од Мицкоски, кој својата земја ја нарекува НМК, со овој протокол се гарантираат одлуки кои ќе бидат базира врз научни факти и кои ќе мора да бидат верификувани од целата наша комисија“, истакна Коциќ.
„Протоколот потврдува: воопшто не е поврзан и не ги условува почетокот на преговорите, тие започнуваат утре преку првата меѓувладина конференција и старт на скринингот. Потонати се сите лаги кои со недели ги пласираа антиевропските структури, Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица. Хистерично и под секое нормално човечко ниво ширеа невистини, си поигруваа со чувствата на граѓаните, на Македонците“, додава пратеникот од СДСМ.
До ден денеска, оценува тој, за ваквите срамни изјави и навреди нема никакво извинување.
„Точно 27 пати во протоколот се споменува терминот кој се однесува на реципроцитетот, односно ‘двете држави’“. Точно толку земји членки на ЕУ ги слушнаа и видоа говорите на пратениците на Мицкоски кои им порачаа на сите нив дека и на Фон дер Лајен, како и сите амбасадори кои беа присутни во собраниската салата дека се нацисти. А досега нема никако извинување од страна на ВМРО ДПМНЕ ниту за овие навреди“, вели Коциќ.
За ваквата злоупотреба и изживување врз сопствениот народ, врз нашите пријатели од Европската Унија, тоа е најмалку што требаше да го направи Мицкоски, оценува пратеникот од СДСМ.
Очигледно, додава тој, Мицкоски тоне длабоко и сака да ги повлече и граѓаните со него и целата држава. Тоа нема да му го дозволиме.
„Дражавата продолжува напред. Реализирана е уште една стратешка цел – почнуваме преговори за членство во ЕУ. Членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово
Сообраќајот на патниот правец P1105 – Удово – Валандово, кој поради излевање на Калковска Река беше во прекин, е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 05:25 часот и се пренасочуваше на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

