Македонија
МОН: Започнува реконструкција на осум основни училишта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/RROU3.jpg)
Министерството за образование и наука продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура, а кои значат унапредување на условите за едукација на младите и на условите за работа на наставниот и стручниот кадар. Ова е компонента на образовниот систем на чија модернизација ќе се стави фокусот и во следниот период, затоа што условите во училиштата во голема мера влијаат на мотивацијата за постигнување подобри резултати, велат од оваа институција.
Најавуваат дека согласно планот, во периодот кој следи, ќе се реконструираат основните училишта „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ (Пенестрија) во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев” во струмичкото село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, Валандово, како и основното училиште „Перпарими“ во гостиварско Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ село Камење во Боговиње и ООУ„11 октомври“ во Куманово.
„МОН неуморно продолжува да работи на подобрување на образовниот систем, бидејќи нашата држава заслужува квалитетно образование и задоволни млади“, велат од министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Возачот не е повреден а заглавениот камион е извлечен, соопшти ЦУК
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-2.jpg)
Возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направено на камионот, информира ЦУК откако претходно беше објавено дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Конкретно, заглавениот камион на патот кај Росоман кон Прилеп, на место викано „Камен Дол“ близу кај ресторанот „Јавор“ е извлечен од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила. Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала“, велат надлежните.
Македонија
ЦУК: Заробен возач во заглавен камион на патот меѓу Росоман и Прилеп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/85020985.jpg)
Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него, како очевидец кажува дека возачот на камионот е заробен во камионот. Инаку, јавувачот беше известен дека ТППЕ Кавадарци имаат екипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упатат на местото.
Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со 1 ПП возило и 2 пожарникари веќе се упатени на местото на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата, дополнително ќе не известат“, информира Центарот за управување со кризи.
Македонија
ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на касарната „Илинден“, во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-27-214830.jpg)
Преку единственствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.
„Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што ќе превземе мерки Градот преку своите служби“, соопштија од центарот.