Црна хроника
Го убил дедото оти му забранувал да си ги види децата
Полицијата поднесе кривична пријава за „убиство“ против зетот кој во понеделникот со пет куршуми го уби таткото на неговата сопруга во пазарот „Чаир“, соопшти МВР.
Според МВР, зетот бил револтиран бидејќи таткото на неговата сопруга не му дозволувал да ги види своите деца кои шест месеци заедно со неговата сопруга престојувале кај неговиот дедо, четириесет и осумгодишниот Рамиз Р.Околу 12,30 часот во неделата триесет и четиригодишниот зет му се јавил на неговиот дедо да му дозволи да си ги види децата, кои според неговиот исказ не ги видел три месеци. Но, Рамиз не му дозволил да ги земе децата , па во понеделник околу 16 часот тој пешки заминал кон пазарот „Чаир“. Со дедото се пресретнале пред тобако „Рел – ком“ и почнале да се расправаат. Зетот извадил пиштол кој го поседувал без одобрение и почнал да пука кон Рамиз.Тој почнал да бега внатре во пазарот, но зетот продолжил да го брка и испукал уште неколку куршуми кон него. Рамиз погоден од куршумите паднал пред една од тезгите. Убиецот се обидел да избега но „алфите го уапсиле“. Повредениот со возило на Брза помош бил пренесен во Универзитетската клиника „Св Наум Охридски“ , но по пат до таму починал. Полицијата констатирала дека пиштолот бил земен од кај стружанец кој имал дозвола за поседување. Инаку убиецот минувал низ крим – евиденцијата за “самоволно оддалечување и бегство од вооружени сили“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во гевгелиската болница: возач на амбулантно возило нападнал лекар
Лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош, соопшти полицијата.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, велат од МВР.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.