Култура
Нова поетска книга на Димче Шипинкаровски „Татков аманет”

Во издание на Здружените за литература, култура и наука „Бран” од Струга, излезе од печат најновата книга на поетскиот ерудит Димче Шипинкароски, „Татков аманет”.
Димче Шипинкаровски е добитник на награда, за 2022 година, на престижната поетска манифестација „Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.
Уредник на изданието е Борче Панов, додека профсор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, прави осврт на творештвото на Шипинкаровски.
Покрај насловната песна, посветена неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните „Испустено огниште”, и „Голем ангелу од Небрегово”, посветени на Блаже Конвски, потоа „Нож в грб”, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната „Вака зајдвит сонцето во Струга”.
„Еден од новите современи македонски автори е и Димче Шишпинкаровски, поет од Струга, кој, преку својата поетска книга ‘Татковиот аманет’, презентира поезија создавана во 2020 и 2021 година. Во неговите свежи, доживеани и искрени песни, тој ја раздиплува целата своја интима, исполнета со немир, страст и пркос, пишува, меѓу другото, професор д-р Христо Петревски, во рецензијата насловена ‘Чинот и радоста на создавањето’”, пишува Веле Митановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.