Македонија
Арсовска: Стратешкото партнерство со САД се надградува со зголемена соработка
Градот Скопје има можност да учествува во целосно финансирана едногодишна програма за градење на капацитетите на покана на Универзитетот Харвард, соопштија од Град Скопје.
„Градоначалничката Арсовска во тридневната посета на САД оствари средба со градоначалничката на Бостон Мишел Ву, со која дискутираше за предизвиците со кои градовите се соочуваат и решенија со кои истите можат да се надминат. Мишел Ву. која истакнува дека најголемите предизвици можат да се надминат преку градење на заедништво, е исто како и Арсовска во Скопје, прва избрана жена градоначалник на Бостон“, информираат од оваа институција.
„Ми беше чест да го претставувам градот Скопје на иницијативата која во САД обединува градоначалници кои можат билатерално да понудат поддршка и да разменат искуства и знаења. При сите заеднички предизвици со кои се соочуваат градовите, ова е единствена платформа наменета за градоначалници, каде се градат капацитетите за поуспешно справување со секојдневните проблеми, се разменуваат идеи, учат едни од други и си помагаат под исклучително менторство на Универзитетот Харвард“, изјавила Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

