Спорт
Откриени платите на селекторите на СП во Катар

Колку се платени селекторите на репрезентациите кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство во Катар? Одговор на оваа прашање даде порталот „Фајнанс фудбал“.
Листата од 32. селектори, со годишна плата од 6.500.000 евра ја предводи Германецот Флик. Најмала плата, само 130.000 евра има селекторот на Тунис, Кадири.
На списокот од 32. селектори најплатени се Ханси Флик (Германија) и Герет Саутгејт (Англија), а најмалку заработува Џелел Кадири (Тунис).
Српскиот селекторт Драган Стојковиќ годишно приходува 650.000 евр, што е за 100.000 евра повеќе од она што во го заработува хрватскиот селектор Златко Далиќ.
Уште двајца тренери од просторите на поранешна Југославија ќе водат репрезентации на СП. Вахид Халилхоџиќ во Марокот, годишно заработува 920.000 евра, а селекторот на Иран, Драган Скочиќ има плата од 650.000 евра.
Светското првенство во Катар на програмата е од 21. ноември до 18. декември, а во продолжение погледнете го комплетниот список со платите на тренерите:
Ханс Флик (Германија) 6.500.000 евра
Герет Саутгејт (Англија) 5.800.000
Дидие Дешамп (Франција) 3.800.000
Тите (Бразил) 3.600.000
Луј Ван Гал (Холандија) 2.900.000
Жерар Мартин (Мексико) 2.900.000
Лионел Скалони (Аргентина) 2.600.000
Феликс Санчез Бас (Катар) 2.400.000
Фернандо Сантос (Португалија) 2.250.000
Мурат Јакин (Швајцарија) 1.600.000
Пауло Бенто (Јужна Кореја) 1.300.000
Греам Арнолд (Австралија) 1.300.000
Грег Берхалтер (САД) 1.250.000
Роберто Мартинез (Белгија) 1.200.000
Каспер Хјулманд (Данска) 1.150.000
Луис Енрике (Шпанија) 1.150.000
Ерве Ренар (Саудиска Арабија) 1.100.000
Хаџиме Моријасу (Јапонија) 1.050.000
Вахид Халихоџиќ (Мароко) 920.000
Диего Алонсо (Уругвај) 860.000
Густаво Алфаро (Еквадор) 770.000
Драган Стојковиќ 650.000
Драган Скочиќ (Иран) 650.000
Златко Далиќ (Хрватска) 550.000
Чеслав Михњевич (Полска) 500.000
Џон Хердман (Канада) 480.000
Крис Хуџтон (Гана) 400.000
Роб Пејџ (Велс) 380.000
Луис Суарез (Костарика) 350.000
Ригоберт Сонг (Камерун) 340.000
Али Сисе (Сенегал) 310.000
Џалел Кадри (Тунис) 130.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.