Македонија
Мицкоски со апел до Владата: Заборавете на коктели и луксузирања и испратете тимови во Берово да се спречи пожарот
„Ни претстои сериозна опасност, ако не помогне државата и ако навремено не реагира, може да ни се повтори сценариото од минатата година. И да не бидеме обвинети дека само еве ги штитиме градоначалниците коишто се од редот на ВМРО-ДПМНЕ, еве во Берово е да речеме градоначалник од редовите на СДСМ, апелирам до Владата веднаш да испрати тимови и сè што е потребно да биде ставено на располагање на општината бидејќи ресурсите со коишто општините располагаат се навистина минимални или незначителни“, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека штетата што може да се направи од пожарот ако Владата не реагира навреме може да биде огромна и девастирачка.
„Затоа еве ја користам оваа можност овде, од Свети Николе, да предупредам, а воедно и да апелирам до власта што е можно побрзо да реагира, да заборави на коктелите и на трошењето народни пари на периферни манифестации, да заборави на луксузирањето и на тендерите во четири очи. Сведоци дека во изминативе денови имаме еден таков мултимилионски тендер даден во четири очи за битумен на едно јавно претпријатие. Владата треба да се посвети на тоа што навистина им значи на граѓаните, а тоа е да се спречат пожарите коишто веќе почнуваат да се појавуваат во Македонија, а имајќи ги предвид временските услови може и да земе поширок опфат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

