Црна хроника
Измамен охриѓанец – му гарантирале вработување во државна администрација ако плати 3.000 евра
Против лице од Куманово поднесена е кривична пријава за измама.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. М. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. Во текот на март 2022 година пријавениот го довел во заблуда К. М. од Охрид дека ќе го вработи во државна институција по што на 29.3.2022 му зел 3.000 евра и стекнал противправна имотна корист од 186.000 денари“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

