Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Палењето на возилата во Прилеп покажува дека владее беззаконие кое Спасовски го толерира
Заканите и палењето на возила во Прилеп покажуваат дека во оваа земја подземјето и власта се во коалиција. Како поинаку да се толку фактот што наместо вистинските организатори и поттикнувачи на овие акти на закана, се апсат тривијални ликови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека палењето на три возила запомалку од еден месец, меѓу кој и возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој јавно кажа дека е против бугарските ултиматуми, покажуваат дека во државата владее беззаконие кое Спасовски го телерира, па дури и го стимулира.
Полицијата за жал се претвори во нем свведок на криминалот кој владее со земјата. Тоа е така затоа што некои високи функционери ги мотивираат криминалците да прават дела против оние кои размислуваат поинаку од власта, а за возврат добиваат заштита.
Ова ќе престане, а извршителите и нарачателите на ваквиот криминал ќе одговараат. Нема Македонија да биде заложник на оваа криминална власт и нивните пријатели од подземјето, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

