Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез се чека 60-ина минути, а на ГП Богородица за излез 40-ина минути.
На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од Центар
ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради санирање на дефект од страна на странка – фирма на улицата Франклин Рузвелт бр.60 во населба Центар без вода ќе останат корисниците на улицата Франклин Рузвелт лоцирани на потегот од улица Орце Николов до булеварот Партизански Одреди.
Водоснабдувањето ќе биде прекикнато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека денеска поради водоводен приклучок Ф100мм. на улица Крагуевска 9. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Крагуевса, Беджих Сметана и Драган Ѓаковски-Шпато во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23.09.2024 година, во 02 часот и 02 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото.
„Како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, учествував на Самитот на Иднината во Обединетите нации, каде заедно со високата државна делегација, вклучително и претседателката Гордана Силјановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ја претставувавме нашата земја во овој голем глобален настан. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото“, рече Меџити.
Меџити понатаму додаде дека на отворањето на самитот, каде што бил присутен, главниот фокус бил ставен на Пактот за иднината, амбициозен документ кој има за цел да изгради нова рамка за меѓународна соработка и одржлив развој.
„Во овој контекст, ги слушнавме инспиративните говори на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на германскиот канцелар, Олаф Шолц, кои ја истакнаа важноста на глобалната соработка за соочување со најголемите предизвици на нашето време“, додаде Првиот вицепремиер.
Пактот за иднината е сеопфатен документ кој се однесува на широк опсег на критични прашања. Вклучува поглавја за човекови права, родова еднаквост, одржлив развој, наука, технологија и иновации, како и дигиталната соработка. Меѓу другото, се истакнува важноста од ангажирање на младите и зачувување на интересите на идните генерации кои се во центарот на трансформацијата на глобалното владеење.
Покрај учеството на овој форум на високо ниво, агендата на Меџити во Њујорк вклучува и серија состаноци со американски сенатори и други политички и економски лидери. „Овие средби ќе се фокусираат на продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и САД во клучните области како зелената енергија, технологијата и одржливиот развој, како и да се разговара за перспективите на нашата земја во меѓународните процеси“, појасни Меџити.