Македонија
СДСМ: Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Апасиев во анти-ЕУ коалиција
Христијан Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Димитар Апасиев со кого се осамени во анти-ЕУ коалицијата. Мицкоски заедно со Апасиев ја лажеше јавноста за македонскиот јазик, за македонската историја и посебност, ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација. Мицкоски и Апасиев повикуваа и на кампувања пред Владата, првиот се шеташе како манекен, а вториот според информации од медиумите ангажира и приватно обезбедување на протестите, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека за разлика од Мицкоски, кој знае да зборува на бугарски јазик, а неговите пратеници го деградираат македонскиот јазик, Владата предводена од СДСМ обезбеди чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, без никакви фусноти.
Мицкоски глуми лажен патриот, а последната лага се нотарските изјави, кои немаат никакво правно дејство.
Мицкоски е осамен во својата деструкција, затоа нa официјалната интернет-страница на партијата никој не фигурира во Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, тој се скара со сите опозициски партии, ги излажа своите членови, а ниту Лукашенко не му е рамен за тоа како ја води партијата.
Најавите на Мицкоски за референдум се само очаен обид тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец и наместо да бара референдум против македонскиот јазик, нека направи референдум во ВМРО-ДПМНЕ, каде што е прашање дали и таму има поддршка од мнозинството, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пожарникарите извлекоа паднат човек во реката Драгор
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“.
Паднатото лице не било повредено.
Од ЦУК апелираат за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита… и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Скопје
Делови од три скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради реконструкција денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром.
Во периодот од 10:30 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците дел од улица 16, на патот кон Визбегово во општина Карпош.
Во периодот од 13:00 до 14:30 часот без напојување ќе останат објектите на градинката Росица, на улица Мечкин Камен, број 45А. во општина Ѓорче Петров.