Македонија
Тимовите на ПЗУ „Никоб медикал“ со превентивни мерки за граѓаните за заштита од високите температури
По најавените високи температури деновиве, кои во одредени делови во државава ќе достигнат над 40 Целзиусови степени, ПЗУ „Никоб медикал“ почна со делење вода и информативни летоци со препораки за граѓаните, со цел полесно справување со најавени топлотни бранови.

Мобилниот медицински тим на ПЗУ „Никоб медикал“ изминатиов викенд на локација во ТЦ „Лиса – Тинекс“ во општина Аеродром подели освежителни пијалаци и ги советува граѓаните како најдобро да се заштитат од високите температури, со посебен акцент во заштита на ризичните категории граѓани, старите лица, лицата со хронични заболувања, бремените жени и малите деца. Препораките се да се избегнува излегување на отворено од 11 до 18 часот, да се носи лесна и светла облека, капа и заштитни очила за сонце, јадење лесна храна и зеленчук и овошје, внесување течности, избегнување алкохол и мрсна храна, јадење термичко обработена храна, редовно земање на соодветната терапија препишана од доктор.

Доколку имате здравствени проблеми, во овој период на располагање ви се медицинските тимови на „Никоб медикал“, и тоа 24/7 со апликација на терапија во домашни услови и медицинска консултација на телефонскиот број 15 515.

Како општествено одговорна здравствена установа, ќе продолжиме со теренските препораки и делењето освежителни напивки во следниот период во делот на заштита на здравјето на граѓаните во град Скопје, а следната активност ќе биде на локацијата на паркингот пред ТЦ „Зебра – Тинех“ на 27.7.2022, среда, од 17.30 до 18.30 часот.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

