Македонија
Втор ден „Отворен Балкан“ во Тирана: обезбедување храна и струја пред почетокот на кризната зима
Денес, во Тирана продолжува работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на „Отворен Балкан“ со фокус на менаџирање и брза реакција при катастрофи и несреќи, при недостиг на храна и при енергетска криза.
„Во услови на светска економска и енергетска криза, регионалното поврзување со цел поголема енергетска стабилност е најголемиот фокус на Владата, а истата цел ја делиме и со нашите партнери и пријатели од регионот. Наш заеднички приоритет е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети, како и безбедно и стабилно снабдување со енергенти, кои се достапни за нашите граѓани.

Трите држави се согласија дека обезбедувањето храна во услови на светска криза претставува предизвик и приоритет поради што Северна Македонија, Србија и Албанија создаваат механизми за меѓусебно помагање.
Дополнително, во организација на министерката за земјоделство на Албанија, Фрида Крифца, денеска во Тирана ќе се одржи средба на претставниците на трите држави со албанските откупувачи и дистрибутери со цел да се разгледаат нови можности за увоз и извоз на шеќер, масло, брашно и сол во регионот според услови што се поволни за македонската, српската и за албанската економија“, соопшти владината прес служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

