Македонија
Нови 957 случаи на коронавирус, починаа 2 лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.100 теста, а регистрирани се нови 957 случаи на Ковид-19: Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Од вкупниот број позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции.
Регистрирани сe 616 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 300, Битола – 48, Кавадарци – 37, Куманово – 32, Прилеп и Велес – по 30, Тетово и Кичево – по 18, Свети Николе – 12, Струмица и Штип – по 11, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 9, Неготино – 8, Гостивар и Ресен – по 7, Охрид, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Струга, Берово, Пробиштип ,Богданци, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71) и Струга (91), двете лица се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.100 теста преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–128, Жан Митрев (Филип Втори)-23, Авицена-100, Биотек-122, Систина-49, лабораторија Лаор-19, Синлаб-22, Ремедика-8, Плодност-21, Генеа-8, Никоб лаб-86, ВФВ медикал-7, Ели медика плус-6, Ројал медика–3, Спектра-ММ-9, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 873.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.
Според епидемиолошки анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 153.463, Активни 2.132
Куманово 17.284, Активни 218
Битола 16.561, Активни 364
Прилеп 14.669, Активни 213
Тетово 13.865, Активни 160
Кавадарци 11.209, Активни 215
Велес 10.204, Активни 150
Гостивар 9.815, Активни 82
Охрид 9.427, Активни 247
Струмица 8.329, Активни 104
Штип 8.319, Активни 89
Кичево 5.809, Активни 70
Кочани 5.239, Активни 46
Струга 4.876, Активни 95
Гевгелија 4.537, Активни 56
Неготино 3.844, Активни 78
Ресен 2.862, Активни 73
Свети Николе 2.686, Активни 17
Радовиш 2.599, Активни 39
Крива Паланка 2.504, Активни 46
Делчево 2.014, Активни 5
Берово 1.718, Активни 16
Дебар 1.714, Активни 26
Валандово 1.527, Активни 15
Виница 1.404, Активни 3
Пробиштип 1.291, Активни 6
Богданци 1.041, Активни 5
Кратово 1.010, Активни 18
Крушево 955, Активни 16
Демир Хисар 867, Активни 18
Македонски Брод 764, Активни 15
Демир Капија 599, Активни 0
Македонска Каменица 528, Активни 3
Пехчево 489, Активни 2
Дојран 360, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност
Премиерот Христијан Мицкоски во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со кого, како што објави, разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè, за праведен мир.

– Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Мицкоски и Зеленски разговарале и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите.

– Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир, порачува Мицкоски.

На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, со холандскиот премиер Дик Схоф, со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.
Македонија
Пациенти со хемофилија со месеци без „фактор 8“, се бара одговор од МЗ
Од Левица велат дека пациентите со хемофилија повеќе од шест месеци се без неопходниот лек „фактор 8“ поради нераспишан тендер, што, според нив, ги доведува во сериозна здравствена состојба.
Пратеничката Јована Мојсоска преку социјалните мрежи се обрати до министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Институтот за трансфузиона медицина Амир Елези, потсетувајќи дека на седница за пратенички прашања било најавено дека лекот ќе биде обезбеден.
Според неа, пациентите со хемофилија живеат во тешки услови додека го чекаат лекот, а добила и повик од лице кое подолг период е врзано за кревет поради недостиг од терапија.
Мојсоска прашува кој ќе сноси одговорност доколку настанат сериозни последици по здравјето на пациентите поради пролонгирањето на постапката.
Македонија
Трипуновски: Нема кратење на субвенции, но приоритет ќе добијат вистинските земјоделци
Нема кратење на субвенции, но приоритет ќе добијат вистинските земјоделци што егзистираат од земјоделство. Вака одговори денеска министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, на новинарско прашање, по закројувањето винова лоза во Кавадарци, во чест на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

На новинарско прашање околу реакцијата дека годинава субвенции ќе добиваат лозари со над пет декари лозје, министерот одговори дека нема кратење на субвенции.
– Имаме сериозна и навремена поддршка и реформи во земјоделскиот сектор, што ќе значат сериозно зголемување на продукцијата. Она што е новина можеби во програмата за 2026 година, е, јасната распределба. Приоритет ќе добијат вистинските земјоделци, што егзистираат од тоа. Во изминатите години се воочени таканаречени ловци на субвенции, кои не обработуваат земјоделски површини, а сакаат да бидат корисници на субвенции. Ова сметам дека не е ниту фер кон вистинските земјоделци, ниту пак е законски. Затоа оваа година најавуваме дека ќе имаме сериозна контрола на терен, за парите да завршат кај вистинските лозари, земјоделци, што се многу важни за економијата и руралната средина, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во новата програма се предвидувало, минималната површина да биде 0.5 хектари, за да се биде корисник на земјоделски субвенции. Трипуновски подвлече дека земјоделството е еден од приоритетите.
Запрашан кога ќе бидат одблокирани средствата од ИПАРД програмата, тој рече дека платежната агенција со новиот менаџерски тим, работела на отстранување на сите забелешки што биле нотирани и оти се очекува многу бргу агенцијата да почне нормално да функционира. Агенцијата, посочува тој, и сега работи нормално, со тековните плаќања во делот на субвенции и во врска со ИПАРД апликации.
На новинарско прашање, тој информираше дека за оваа година, веднаш по носењето на програмата, традиционално пред овој празник, вчера биле исплатени субвенциите кон лозарите. На над 12 500 лозари, исплатени биле речиси осум милиони евра. На почеток на наредна недела, најавува исплата на субвенците и за овоштарите.
Трипуновски уверува дека навремено се исплаќаат и ќе се исплаќаат сите субвенции.
Министерот рече дека на денешниот празник ја негуваме традицијата и културата во делот на една од нашите најдобри и најголеми земјоделски култури, лозаропроизводството. Им оддаваме почит на нашите лозари кои произведуваат квалитетно грозје, а нашите винарски визби прават квалитетно вино, коешто е наш амбасадор.
– Како Влада и Министерство остануваме посветени да ја поддржуваме оваа гранка и да ја развиваме оваа битна земјоделска култура, истакна министерот за земјоделство.
Во најголемиот лозаровинарски регион во државата, посака здравје и бериќет, а трудот на земјоделците да биде вреднуван.

