Македонија
Утре облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=7
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.
В петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возачот кој што во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.
За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.
За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.
Македонија
Бесплатен ќе биде јавниот градски превоз денес по 18 часот
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, кое денеска (сабота, 5 октомври 2024) ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 часот од 2:00 по полноќ превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
Македонија
Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје
Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С., информира МВР.
Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.
„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.