Спорт
Член на стручниот штаб спречил тепачка помеѓу тренерот Јуриќ и спортскиот директор

На порталот „Фудбал Италија“ се појави неверојатна снимка од жестоката расправија меѓу тренерот на Торино, Иван Јуриќ и спортскиот директор Давиде Вањати. Член на стручниот штаб едвај спречи расправијата да прерасне во сериозна физичка пресметка.
„Фудбал Италија“ пишува дека до конфликтот дошло кога Вањати решил да го посетиј тимот на Торино кој се наоѓа на подготовки во Австрија. Тренерот Јуриќ бил бесен бидејќи клубот не му ги донел играчите кои тој ги посакувал.
На видеото јасно се гледа како Вањати му вика на Јуриќ и се обидува физички да го нападне. Поголем инцидент спречил член на стручниот штаб, за кој се верува дека е Марко Пелегри, таткото на играчот на Торино Пјетро.
Вањати му викал на Јуриќ: „Не ми го кревај гласот, немаш почит. Јас те бранам од сите. Јас го организирам тимот“.
Јуриќ се обидел да се оддалечи и му рекол на Вањати да се „за…а“ и дека организира „срање“.
Torino manager Ivan Jurić and sporting director Davide Vagnati got into a fight today, just 17 days before Torino’s season starts.
Vagnati: “I make the squad.”
Jurić: “You don’t make s**t.” pic.twitter.com/7FHYJoeSW1
— Zach Lowy (@ZachLowy) July 27, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендарниот Џејми Варди се сели во Серија А

Фудбалскиот клуб Кремонезе, по пауза од три години се врати во Серија А. Новата сезона во елитното друштво на италијанскиот фудбал, Кремонесе ја започна со сензационална победа на „Сан Сиро“ против Милан (1:2).
И покрај тоа што сезоната започна Кремонезе планира да донесе уште неколку играчи до крајот на преодниот рок. Кремонезе започна преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди (38), кој е слободен откако го напушти англискиот клуб, пишува „Скај Спорт Италија“.
Иако го прослави својот 38-ми роденден во јануари, Варди верува дека сè уште може да игра на највисоко ниво.
Тој стана достапен на пазарот откако му истече договорот со Лестер, клубот каде што помина 13 години и со кој, под водство на тренерот Клаудио Раниери, сензационално ја освои титулата во Премиер лигата во 2016 година.
Искуството од работата со италијанскиот стручњак би можело да го охрабри да се испроба во Серија А, што е она на што се надеваат во новиот италијански прволигаш.
Добро познатиот експерт за трансфери Џанлука Ди Марцио потврди дека преговорите се во тек и дека Кремонезе вложува големи напори да го убеди англискиот напаѓач дека доаѓањето во Италија е вистинскиот чекор за продолжување на кариерата.
Варди не е единственото големо име поврзано со клубот. Кремонезе наводно е блиску до договор за позајмица со право да го купи камерунскиот напаѓач Фарис Мумбања (25) од Олимпик Марсеј.
Спорт
Венус испадна од Ју-ес опен па потврди дека ќе се омажи

Пред 25 години, Венус Вилијамс ја освои првата од двете последователни титули на Ју-ес опен, сега освои еден сет во поразот од Каролина Мухова, но подвигот е речиси идентичен. Бидејќи легендарната Американка има 45 години и ова беше нејзин прв Гренд слем по двегодишна пауза, таа имаше и 16-месечна пауза во кариерата.
„Иако не победив, многу сум горда на тоа како играв“, рече Венус откако загуби со 6:3, 2:6, 6:1 од ривалка која не беше ни родена кога таа го имаше своето професионално деби во 1994 година.
„Не верувам дека публиката некогаш била со мене како денес. Целиот свет навиваше за мене и тоа е одлично чувство“.
По речиси 18 месеци пауза, Венус се врати на теренот минатиот месец во Вашингтон, каде што забележа една победа. Речиси е сигурно дека нема да игра до крајот на сезоната, но дали ќе игра подоцна?
„Дали има уште еден турнир во Америка оваа година? Донесете еден“ – истакна таа дека не сака да патува далеку.
„Австралија опен? Има уште многу време дотогаш. Обожувам да играм тенис, а нивото на мојата игра значително се подобри во споредба со Вашингтон“.
Наскоро ја чека многу поважен настан, во септември ќе се омажи за 37-годишниот италијански пејач Андреа Прети на брегот на Амалфи, недалеку од Неапол.
Foto/ EPA/BRIAN HIRSCHFELD
Спорт
Каспер Руд: Тешко е да се игра кога сè околу тебе мириса на марихуана

Норвешкиот тенисер Каспер Руд коментираше дека мирисот на марихуана многу му пречи на Отвореното првенство на САД.
Откако употребата на марихуана беше легализирана во Њујорк во 2021 година, Отвореното првенство на САД речиси секоја година го следи истата приказна – тенисерите се жалат на мирисот што доаѓа од трибините и околу терените.
Каспер Руд се пласираше во второто коло на Ју-ес опен со победата над Офнер со 6:1, 6:2, 7:6 (5) по помалку од два часа игра, а моментално 13-от играч во светот призна дека таквата атмосфера сериозно му пречи додека се наоѓа на теренот..
„Најголема деградација на турнирот во Њујорк е што сега сè мириса на марихуана. Дури и во објектите на турнирот. Мора да се помирите со тоа, но тоа не е мојот омилен мирис“, рече Руд.
Тој додаде дека проблемот е особено изразен за време на натпреварите.
„Навистина е иритирачки кога ќе излезете на теренот и ќе почувствувате мирис на некој што пуши џоинт. Не е забавно за играчите, особено кога сте уморни и мора да го вдишувате тој мирис. За жал, не можеме ништо да направиме додека не се промени законот, а се сомневам дека тоа ќе се случи“, нагласи Норвежанецот.