Свет
Која е пораката на Зеленски? – фотографиран со убавата сопруга, насмеан и среќен додека луѓе умираат во војната
Володимир и Олена Зеленски кренаа бура во јавноста позирајќи за насловната страница на најновото издание на „Вог“, а нивните фотографии предизвикаа главно негативни реакции.
Олена Зеленски во интервју за „Вог“ зборуваше за тоа како нејзиниот сопруг не можел да ги види децата од почетокот на војната со Русија повеќе од пет месеци поради постојани безбедносни грижи, колку му било тешко, колку сите страдале.
“We have no doubt we will prevail.” As the war in Ukraine enters a critical new phase, the country’s First Lady, Olena Zelenska, has become a key player—a frontline diplomat and the face of her nation’s emotional toll. https://t.co/DCXWYnzAsK pic.twitter.com/wcaY5IFGHf
— Vogue Magazine (@voguemagazine) July 26, 2022
Во одвоено интервју за „Вог“ претседателот Зеленски зборуваше за тоа колку е болно загрижен за своето семејство, за ужасите што се случија на периферијата на Киев и за ужасите што се случуваат сега на окупираните територии на Украина.
View this post on Instagram
Парот е предмет на потсмев, а повеќето читатели, кои имаат негативни коментари, се прашуваат од каде им е моралното право така да се однесуваат.
Според некои теоретичари, овој потег е наменет исклучиво за публиката на „Вог“ бидејќи списание, кое чини 25 долари, не го купуваат луѓе од улица што немаат пари да врзат крај со крај. Суштината е во манипулацијата за која точно се знае кому му е наменета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

