Црна хроника
Приведено лице во Скопје за издржување затворска казна
Денеска, во 9.45 часот, на улицата Ѓорѓи Капчев во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И. Т. (51) од Македонски Брод, со живеалиште во Скопје.
Тој бил баран по централна потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир
Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба Чаир. Од МВР го потврдија настанот.
„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Црна хроника
63-годишен маж починал додека работел на нива
Вчера во 10.30 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека е починат 63-годишниот Ж.Ј. од село Муртино.
Тој извршувал земјоделски работи со својот трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино. Додека ги вршел работите со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила при што од здобиените повреди починал.
Смрт констатирал лекар Медицински центар Струмица додека Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Приведен крадец на голф, автомобилот е вратен на сопственикот
Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 19.40 часот во тетовското село Порој го лишиле од собода Е.М.(27) од Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од село Џепчиште, тетовско.
Како што соопшти денеска МВР, Е.М. е задржан во полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека одземеното возило му било вратено на сопственикот.