Европа
Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради коронавирусот
Од 1 август стапува во сила новата регулатива за влез во Австрија од земји со зголемен епидемиолошки ризик.
Според новата регулатива, потврдата за вакцинација на лица помлади од 18 години нема да има рок на важност. За возрасните правилото не се менува и потврдата за целосна имунизација важи 270 дена.
Дополнително, австриските власти прифатија уште една кинеска вакцина „конвидеција“, произведена од „Кансино биологикс“. Станува збор за векторска вакцина, која се дава само во една доза.
Засилена доза се препорачува од четири до шест месеци по вакцинацијата.
Инаку, правилата за влез во земјата важат за земји со висок епидемиолошки ризик, но во моментот ниту една земја не е вклучена на таа листа од австриските власти, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Почнува судењето на Ле Пен и десничарите, се сомничи дека украле 7 милиони евра
Пред судот во Париз денеска почнува судењето на Марин Ле Пен и другите француски десничари под обвинение за незаконско земање финансиски средства за лажни вработени во Европскиот парламент.
Покрај долгогодишниот лидер на Националниот фронт, Ле Пен, еден од 28-те обвинети за проневера е и татко ѝ и основач на партијата, Жан Мари Ле Пен.
Од самиот почеток Марин Ле Пен ги негира наводите за проневера, кои се однесуваат на периодот меѓу 2004 и 2016 година.
Според неа, станува збор за политички прогон, а од Европскиот парламент велат дека се оштетени финансиски, но и дека им е уништен угледот.
На обвинетите им се суди за евентуално измамничко вработување асистенти на неколку француски пратеници во Европскиот парламент.
Според Обвинителството, Ле Пен и нејзините колеги од партиите Национален фронт и Национален собир користеле пари наменети за плаќање помошници на пратениците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето што извршувале работа за партијата во Франција.
Доколку биде прогласена за виновна, максималната казна за овие кривични дела е 10 години зад решетки.
Исто така, доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да добијат забрана за вршење јавна функција во рок од пет години, што би можело да ја спречи кандидатурата на Ле Пен на следните претседателски избори во 2027 година.
Европа
(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме
Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот, соопшти украинската армија.
Ројтерс пишува дека сведоци слушнале бројни експлозии во главниот град на Украина, како и дека виделе како воздушната одбрана ги уништува објектите во воздух.
Sleepless night in Kyiv as Russian attack drones entered the city overnight in waves and from multiple directions.
The air raid alarm in the capital lasted more than 5 hours. Ukrainian air defense successfully neutralized all UAVs that posed a threat.
Explosions were also heard… pic.twitter.com/0wJrhxs5gi
— KyivPost (@KyivPost) September 30, 2024
Сите беспилотни летала лансирани од Русија во Киев се уништени со одбранбени системи или неутрализирани со електронско војување, изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.
Проценките за размерите на нападот ќе бидат објавени во текот на денот, но според првичните информации нема жртви и не е забележана штета, додаде тој.
Предупредувањето за воздушен напад за подрачјето на Киев, Киевската област и целиот источен дел на Украина беше во сила утринава повеќе од пет часа, соопштија од украинските воздухопловни сили.
Европа
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија
Норвешката влада размислува да изгради ограда долж границата со Русија за да ја подобри безбедносната ситуација во земјата. Оградата треба да помогне во случајот на протокот на бегалци од Русија во Норвешка, пишуваат норвешките медиуми.
Тие потсетуваат на ситуацијата во 2015 година, кога 5.000 руски баратели на азил пристигнаа пеш и со велосипеди преку Сторског, еден од граничните премини меѓу Норвешка и Русија.
Норвешката министерка за правда Емили Енгер Мел рече дека изградбата на ограда може да биде еден начин за подобрување на безбедносната ситуација.
НРК известува дека Мел е инспирирана од примерот на Финска, која продолжува да гради огради на границата со Русија. Таа нагласи дека тоа е скап процес, па затоа е неопходно да се процени релевантноста на ваквите инвестиции.
Конкретно, министерката за правда смета дека е можно да се инвестира во набавка на дронови за патролирање на територијата, како и зголемување на бројот на граничари во Сторског.
Копнената граница меѓу Норвешка и Русија е долга 200 километри.