Македонија
Регистрирани 884 нови случаи на коронавирус и пет починати лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.866 теста, а регистрирани се нови 884 случаи на Ковид-19: Скопје – 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга – 20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран – по 2, Пехчево – 1.
Регистрирани сe 745 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 324, Куманово – 75, Битола – 65, Кавадарци – 34, Велес – 30, Прилеп – 28, Охрид – 27, Тетово – 20, Штип – 18, Кичево – 16, Струмица – 14, Струга – 13, Гевгелија – 11, Неготино и Ресен – по 10, Радовиш – 8, Гостивар и Кочани – по 7, Крива Паланка – 5, Македонски Брод и Свети Николе – по 4, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Крушево, Берово, Демир Хисар и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77) во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и од Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.6 до 25.7.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи изнесува 5.026
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 154.185, Активни 2.231
Куманово 17.374, Активни 231
Битола 16.696, Активни 389
Прилеп 14.757, Активни 255
Тетово 13.929, Активни 179
Кавадарци 11.294, Активни 232
Велес 10.281, Активни 172
Гостивар 9.851, Активни 97
Охрид 9.507, Активни 237
Струмица 8.397, Активни 138
Штип 8.360, Активни 98
Кичево 5.836, Активни 71
Кочани 5.253, Активни 48
Струга 4.919, Активни 104
Гевгелија 4.556, Активни 57
Неготино 3.873, Активни 85
Ресен 2.878, Активни 75
Свети Николе 2.693, Активни 16
Радовиш 2.630, Активни 56
Крива Паланка 2.514, Активни 46
Делчево 2.014, Активни 3
Дебар 1.733, Активни 41
Берово 1.728, Активни 20
Валандово 1.537, Активни 21
Виница 1.408, Активни 6
Пробиштип 1.293, Активни 8
Богданци 1.045, Активни 7
Кратово 1.021, Активни 26
Крушево 965, Активни 25
Демир Хисар 878, Активни 28
Македонски Брод 766, Активни 13
Демир Капија 602, Активни 0
Македонска Каменица 528, Активни 3
Пехчево 491, Активни 4
Дојран 362, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес студено утро, преку ден сончево со мала облачност
Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
И во Скопје студено време во утринските часови, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.