Црна хроника
Скопјанец утрово приведен во трговски центар, носел пиштол и муниција
Утрово, во трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници го привеле М. Е. (26).
Како што соопшти МВР, кај него биле пронајдени пиштол од непозната марка во 6,25 мм и рамка со 4 куршуми.
Притоа М. Е. немал дозвола за поседување огнено оружје, со што се сомничи дека сторил кривично дело предвидено и казниво по член 395 од Кривичниот законик.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турчин со „хонда“ удрил во полицаец
Денеска во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.