Забава
Џони Деп за три часа заработи 3,5 милиони долари со продажба на слики
Холивудскиот актер Џони Деп за само неколку часа заработи околу 3,5 милиони долари продавајќи ја својата деби колекција на платно.
Само неколку часа по објавувањето на понудата на Инстаграм, Деп продаде 780 дела, кои ги купиле 37 галерии, меѓу кои и лондонската Ковент Гарден.
Колекцијата на актерот, насловена Пријатели и херои, се состои од портрети на луѓе кои го инспирирале, како Кит Ричардс од бендот Ролинг Стоунс и актерката Елизабет Тејлор.
View this post on Instagram
Отсекогаш сум ги искажувал чувствата преку уметноста“, вели педесет и деветгодишниот актер.
„Постојано сум опкружен со уметност, но моите сопствени слики до сега ги чував за себе. Се ограничив, но мислам дека никој не треба да се ограничува“, додаде тој.
Актерот вели дека работата на портретите, на кои се појавуваат актерот Ал Пачино и музичката легенда Боб Дилан, го натерале „да размислува за оние што му се најважни, како семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитува“.
View this post on Instagram
Сите 780 портрети беа продадени за само неколку часа во четвртокот.
Индивидуалните слики во рамка чинат околу 4.700 долари, а портфолиото со четири слики нешто помалку од 18.000 долари.
Објавата на Деп на Инстаграм предизвика предизвика пад на веб-страницата на продажната галерија Castle Fine Art.
View this post on Instagram
„Чувство на поп-арт“
Во соопштението за медиумите, галеријата ја опиша работата на актерот како „спој на поп-арт и улична уметност“, но и „емотивна поп-арт“.
Галеријата долго време преговара со Деп за поставување изложба и продажба на неговите дела, а очекува и во иднина да биде домаќин на слични настани.
Продажбата дојде еден месец по завршувањето на правниот процес што Деп го водеше во Америка против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Поротата во таа постапка го оцени како клеветнички написот од 2018 година, кој Херд го напиша за американскиот весник Вашингтон пост, во кој таа тврди дека преживеала семејно насилство.
На Деп му беа доделени 15 милиони долари отштета=.
Судењето меѓу Деп и Херд траеше шест недели и беше емитувано на телевизија.
Херд доби една од трите противтужби, успешно тврдејќи дека публицистот на Деп ја клеветил, а поротата и додели отштета од 2 милиони долари.
Случајот следеше откако Деп го тужеше весникот Сан во ноември 2020 година, поради напис во кој беше наречен „маж кој тепа жени“.
Деп потоа загуби на суд, а судијата рече дека весникот докажал дека наводите во написот се „суштински вистинити“.
На почетокот на овој месец, Деп продаде серија незаменливи токени (NFT), наречени Никогаш не се плаши од вистината, во која беа прикажани и неговите блиски пријатели и херои.
Така, тој собра речиси 800.000 долари за добротворни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

