Свет
(Видео) Дел од кинеска ракета падна на Земјата
Дел од кинеска ракета падна на Земјата над Индискиот и Тихиот океан, соопштија американски и кинески официјални лица.
Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA) соопшти дека поголемиот дел од остатоците од погонот Long March 5 изгореле во атмосферата. Се додава дека местото на влегување во атмосферата е над Сулското море во Тихиот Океан.
НАСА наведе дека Пекинг не ги споделил „конкретните информации за траекторијата“ потребни за да се утврди каде може да паднат остатоците.
Кинеската амбасада во Вашингтон веднаш не го коментираше случајот. Кина претходно оваа недела рече дека внимателно ќе ги следи остатоците, но рече дека тие претставуваат мал ризик за било кого на Земјата.
Американската вселенска команда соопшти дека ракетата Long March 5B влегла во атмосферата на Земјата над Индискиот Океан околу 12:45 часот по локално време, но ги доведе во прашање „техничките аспекти на повторното влегување, како што е потенцијалната локација на дисперзија на отпадот“.
„Сите вселенски нации треба да ги следат утврдените најдобри практики и да го дадат својот дел за да го споделат овој тип на информации однапред за да овозможат веродостојни предвидувања за потенцијалниот ризик од удар на отпадот“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.
„Тоа е од суштинско значење за одговорно користење на вселената и осигурување на безбедноста на луѓето овде на Земјата“, додаде тој.
Корисниците на социјалните мрежи во Малезија објавија видео од објект кој личи на ракетни остатоци.
Location: Kuching, Sarawak Malaysia @ 12:50 AM. #CZ5B #LongMarch5B #LongMarch5BRocketBooster
????: Credit to respective owners, DM for credit. pic.twitter.com/u3uLRvqrcC
— ????????♀️ (@DayangLeen) July 30, 2022
Aerospace Corp, непрофитен истражувачки центар финансиран од владата во близина на Лос Анџелес, рече дека е несовесно да се дозволи делот од 22,5 тони од ракетата да се врати на Земјата неконтролирано.
Експертите пред неколку дена проценија дека овој викенд на Земјата ќе падне огромен ракетен погон и дека постои голема веројатност да не изгорат сите негови делови при влегувањето во атмосферата, но дека некои ќе паднат и на земјата.
Постоеше можност остатоците од ракетата да паднат над населено место, како што се случи во мај 2020 година, предизвикувајќи штета на селата во Брегот на Слоновата Коска, пишува Би-Би-Си.
Предметниот погон (ракетен засилувач) е долг 53,6 метри и тежи 22,5 тони и е дел од кинеската ракета Long March 5B која беше лансирана на 24 јули 2022 година. Ракетата носеше нов модул во орбитата, идниот дел од вселенската станица Тиангонг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

