Спорт
„Случајот“ Ѓоковиќ стигна и до американскиот конгрес

Американската конгресменка, Клаудија Тени ја „крена“ дебатата околу тоа дали на Новак Ѓоковиќ треба да му биде дозволен влез во САД за настап на САД опен во Њујорк на политичко ниво, барајќи од претседателот Џо Бајден да му дозволи на српскиот тенисер да влезе без вакцинација против КОВИД-19.
За влез во САД е потребен доказ за барем двојна вакцинација против КОВИД-19, а самиот Ѓоковиќ вчера преку социјалните мрежи изјави дека тренира како да ќе биде на терените на Флешинг Медоуз. Репубиканската конгресменка Тени преку социјалните мрежи објави дека се обидува да добие поддршк кај своите колеги за дозвола за Ѓоковиќ.
„Напишав писмо до Државниот секретар барајќи да дозволи ти да играш на САД опен. Се обидувам да обезбедам дополнителна поддршка во Конгресот и ќе се обидам на секој начин. Среќно“, напиша Тени на Твитер.
I wrote a letter to the Secretary Of State urging him to let you play in the US Open. Trying to get more Congressional support as well! I will pursue every angle! Srecno! https://t.co/FI2Mjejeee
— Claudia Tenney (@claudiatenney) July 31, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Астон Вила ќе го откупи договорот на Асенсио

„Естадио Депортиво“ објави дека се во тек разговори помеѓу Астон Вила и Пари Сен Жермен во врска со трансферот на Марко Асенсио во летниот преоден рок.
Шпанскиот репрезентативец пристигна на „Вила Парк“ оваа зима, со опција Вила да го откупи неговиот договор. Асенсио ги оправда очекувањата, па Вила ќе ги плати бараните 15 милиони евра. колку што бара ПСЖ.
Поранешниот шпански репрезентативец во јули 2023 година без обесштетување од Реал се пресели во Париз. Не се снајде на „Паркот на принцовите“, одигра само 31 натпревар, постигна шест гола.
Кариерата ја започна во Реал во 2014, а првите две сезони ги мина на позајмици во Мајорка и Еспањол. За реал одигра 191 натпревар, постигна 37 голови.
Спорт
ЛШ: ПСЖ во Лондон кај Арсенал, Барселона го чека Интер

Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува со првите полуфинални натпревари, Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник, додека Барселона ден подцна ќе игра против Интер.
Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник од 21 часот.
„Топџиите“, во претходната рунда го елиминираа актуелниот шампион Реал Мадрид, со две победи (3:0, 2:1).
Пари Сен Жермен ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето. Во двомечот „светците“ беа подобри за еден гол, славеа дома со 3:1, доживеаја пораз 3.2 во Бирмингем.
ПСЖ веќе ја освои титулата во Франција, на шест кола до крајот стекна недостижна предност над конкурентите, додека Арсенал остана без шанса да ја освои титулата во Премиер лигата, која Ливерпул ја обезбеди со триумф над Тотенхем во неделата (5:1).
Барселона ќе го пречека Интер во среда во 21 часот.
Шпанскиот клуб убедливо го доби првиот натпревар од четвртфиналето против Борусија Дортмунд (4:0), а во реваншот имаше проблеми, загуби во Дортмунд со 3.1
Интер го победи Баерн Минхен со само еден гол разлика во четвртфиналето (4:3), откако го доби првиот натпревар (2:1) и го одигра реми во вториот натпревар (2:2).
И двата клуба влегуваат во овој дуел откако неодамна ги одиграа своите натпревари во националниот Куп. Барселона го освои Купот на Шпанија во саботата со победа над Реал Мадрид по продолженијата, додека Интер загуби од својот градски ривал Милан во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија во средата.
Интер загуби и во претходниот натпревар од Серија А против Рома и му ја препушти првата позиција на Наполи.
Реваншот од дуелот Арсенал – Пари Сен Жермен е закажан за 7 мај во Париз, додека реваншот од натпреварот Барселона – Интер ќе се игра на 6 мај во Милано.
Спорт
Лазаров горд на играчите

Фото/ rkalkaloid.mk
Алкалоид го постигна најголемиот успех во својата кратка историја. Тимот предводен од Кирил Лазаров избори пласман во финалето на ЕФХ купот. По два драматични натпревари, Алкалоид на пенали го елиминита Рунар Сандефјорд.
Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од посигнатото и внимателен пред претстојните уште поголеми предизвици.
„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех.
Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимаваме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво.
Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“, изјави Лазаров за клупската интернет страница.
Во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид ќе игра со грчкиот претставник АЕК Атина. Првата средба ќе се игра на 17/18 мај, реваншот е на 24/25 мај. Кој ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен ќе биде одредено со ждрепка.