Спорт
Кадетките со втора убедлива победа на СП во Скопје

Кадетската женска ракометна репрезентација ја забележа втората победа во вториот меч од Светското првенство до 18 години, во Скопје, откако се созедоа по лошиот старт за да стигнат до 39:30 (20:19) победа над Узбекистан.
Иако девојките започнаа со 1:0 водство, потоа Узбекистан влезе во серија и стигна до предност од пет гола (2:7), која сепак, беше достигната до крајот на првото полувреме, по што во второто со одлична серија направивме 5 предност (25:20), за на крајот да се стигне до убедлива победа.
Коцева со 9 гола, Ризоска со 8 и Јанкуловскаа со 6 гола беа најефикансни за македонската репрезентација. Со победата, селекцијата на Љубомир Савевски обезбеди пласман во главната рунда на шампионатот.
Фото: РФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Швјонтек го освои Синсинати

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на турнирот од серијата ВТА 1000 во Синсинати.
Во финалето, тенисерката од Полска ја победи Италијанката Јасмин Паолини по два сета со 7:5, 6:4.
Ова е нејзина прва титула на овој турнир, и ја врати на второто место на ВТА листата и на второто место за носител на претстојниот Ју-ес опен кој започнува во недела.
Со победата над Паолини, Швионтек продолжи со неверојатната серија. Имено, Ига никогаш не изгубила меч во кој го добила првиот сет на турнирот ВТА 1000, а ова е нејзина 105-та таква победа. Со оваа победа, Швионтек ја освои својата 24-та ВТА титула во кариерата (11 ВТА 1000), како и втората годинава по титулата на Вимблдон.
По освојувањето на оваа титула, полската тенисерка ја престигна Коко Гоф и сега е втора тенисерка во светот, додека Паолини ја престигна Аманда Анисимова со пласманот во финалето и сега е на осмото место на ВТА листата.
Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин