Спорт
Селекторот Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за ФИБА прозорецот во август
Селекторот Александар Јончевски објави поширок список на кошаркари на чии услуги ќе смета во рамки на првиот прозорец од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2025.
Ждребот посака да нашата репрезентација е сместена во групата Д, заедно со репрезентациите на Данска, Словачка и на Норвешка. Првите натпревари од оваа фаза се закажани за крајот на месец август односно 25. август кога ќе и гостуваме на Данска и 28. август кога ќе ја пречекаме селекцијата на Словачка.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Torku Konyaspor B.K.
3. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
6. Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
7. Андреј Јакимовски – NCAA Washington State University
8. Марко Миловановиќ – JU.VI. Cremona Basket 1952 S.S.D. A.R.L.
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – Valencia Basket Club
11. Лука Савиќевиќ – Eastern Michigan University
12. Андреј Митревски – Феникс 2010
13. Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. Љубомир Младеновски – Пелистер
16. Теодор Симиќ – Barcelona
17. Амар Хот – МЗТ Скопје Аеродром
18. Стојан Ѓуроски – Пелистер
19. Гоце Петрушевски – Cestistica San Severo
20. Димитар Пандев – Indiana Univ Purdue Univ Indianapolis
21. Ваљмир Какруки – Работнички
22. Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
23. Филип Бакоч – Навико Академија ФМП
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

