Свет
Пекинг со предупредување до Вашингтон: Нема да седиме со скрстени раце
Кинеската војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван, предупреди портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Тој на редовниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека посетата на Пелоси на Тајван, како трет по ранг функционер на американската влада, ќе има невидени политички последици, пренесува „Ројтерс“.
Пелоси денеска пристигна во Сингапур каде што ја почнува својата азиска турнеја, но сè уште не се знае дали ќе оди и во Тајван.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го предупреди својот американски колега Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор минатата недела да не се меша во работите на Пекинг со островот. Пекинг смета дека официјалниот контакт на САД со Тајван го охрабрува Тајпеј да постигне независност, но американските лидери го негираат тоа.
Доколку го посети Тајван, Пелоси ќе биде највисокиот американски функционер што го посетил Тајван од 1997 година, кога тогашниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич го посети островот.
Администрацијата на Бајден се обиде да го убеди Пекинг дека нема причина за кавга и дека доколку се случи таква посета на Пелоси, тоа нема да биде знак за промена на американската политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин

