Регион
Лукашенко: Србија нема да може да седи на повеќе столчиња
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/07-lukashenko.jpg)
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Србија нема да може да седи на повеќе столчиња.
Тој додаде дека е неопходно Белград да се определи за својата надворешна политика.
„Ние сме тука, Русија, Европската Унија, Америка и другите. Но, нема да им биде дозволено да седат на сите овие столчиња“, рече Лукашенко, коментирајќи ги последните настани околу Косово.
„Треба да го разделиме раководството и обичните луѓе. Ставете се на моето место, за да можете сето тоа да го разберете. Се разбира, на српскиот народ му треба помош и ќе мора да му се помогне. Ние сме такви луѓе. Но, ја земаме предвид политиката на Србија кон Белорусија“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Маж загина во автомобил во Атина, моторџија пукал осум пати во него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bvfg.jpg)
Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан додека бил во автомобил од моторџија, соопшти полицијата.
Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, пренесе Катимерини.
Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот БМВ и пукал во жртвата најмалку осум пати пред да успее да побегне.
Регион
Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bb.jpg)
Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.
Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини.
Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.
Регион
На Златарско езеро во Србија се преврте гумен чамец со човек, нуркачи трагаат по него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gfd.jpg)
На Златарско езеро дошло до несреќа кога чамецот во кој се наоѓал човек се превртел среде водната површина, паднал во езерото и исчезнал без трага.
„Човекот бил на гумен чамец. Припадниците на нуркачкиот тим на полицијата денеска цел ден ја пребаруваат областа во потрага по исчезнатото лице“, беше потврдено за агенцијата РИНА.
Според првите неофицијални информации од терен се работи за средовечен маж.
Иако важи за едно од најубавите во Србија, Златарското езеро често одзема човечки живот. Затоа се повикуваат граѓаните да внимаваат и внимателно да влезат во водата и никогаш, доколку немаат искуство, да не се качуваат сами на возење со чамец.