Свет
(Видео) Демонстранти пред хотелот на Ненси Пелоси
Пред хотелот каде е сместена претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси се одржува протест на прокинеската група, која се противи на нејзината посета.
Некои држеа транспаренти на кои пишуваше „Оди си дома, воена поттикнувачке“, јавува Би-Би-Си.
Тајванските медиуми јавуваат дека Пелоси утре наутро ќе се сретне со тајванскиот претседател Цаи Инг-вен, пред да оди во тајванскиот парламент, а попладне во музејот за човекови права.
Пелоси е највисокиот американски политичар кој го посетил Тајван по тогашниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, кој дојде во Тајван во 1997 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Драма во Белград: 23-годишен маж силувал старица и и се заканил дека ќе ја убие
Белградската полиција уапсила 23-годишен маж со иницијали С.З, поради сомнение дека силувал старица во нејзината куќа.
По наредба на обвинителството му била одредена мерка притвор до 30 дена.
Старицата случајот го пријавила во полиција на 7 мај годинава.
Полицијата набрзо го идентификувала и го привела.
Според „Телеграф“, С.З. влегол во куќата на постара жена во една белградска населба. Потоа и побарал пари, а бидејќи немала, ја принудил на секс.
„Жртвата рече дека младиот човек и се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави во полиција“, пренесува медиумот.
Несреќната жена се здобила со полесни повреди а била подложена и на здравствени прегледи, според написите.
Регион
Сопругата на Зеленски и шефот на украинската дипломатија во ненадејна посета на Србија
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, заедно со првата дама на Украина, Олена Зеленска, во знак на затоплување на односите меѓу двете земји, беше во ненадејна посета на Србија, пишуваат медиумите во регионот.
Во својата прва посета на Србија од почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година Кулеба се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ и новиот премиер, Милош Вучевиќ.
Во соопштението за печатот на кабинетот на премиерот по разговорите се наведува дека „Србија е посветена на почитување на меѓународното право и територијалниот интегритет на секоја земја членка на Обединетите нации, вклучително и Украина“.
Србија прогласи неутралност во однос на војната во Украина, а нејзините власти повторуваат дека Србија никому не му доставува оружје.
Посетата на Кулеба и Зеленска, кои заедно со првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, го обиколија главниот град на Србија, наиде на критики во Москва. Рускиот медиум „РИА новости“ објави негативни коментари од читателите, кои посетата ја оценуваат „срамна“.
Свет
Се огласи новиот министер за одбрана на Путин: „Имаме хаос, ова треба итно да се реши“
Андреј Белоусов, изненадувачкиот избор на претседателот Владимир Путин за нов министер за одбрана на Русија, денес рече дека на војниците им треба подобар пристап до домување, болници и социјална помош.
Белоусов, економист кој претходно беше вицепремиер, ја истакна потребата од подобра грижа за руските војници во своето прво обраќање што се случи пред парламентарната комисија откога Путин во неделата го назначи да го замени Сергеј Шојгу.
Државните медиуми ја цитираа неговата изјава дека има премногу бирократија во врска со исплата на бенефиции за воениот персонал. Посочи и на проблеми со сместувањето и лекувањето.
„Мислам дека е хаос кога учесниците на специјалната воена операција, кои се враќаат, ги праќаат во болници, кои често, едноставно, се преполни. Ова прашање треба да се реши“, рече Белоусов.
Коментарите на Белоусов, кој нема воено искуство, се чини дека имаат цел да им покажат на членовите на вооружените сили дека ги разбира нивните грижи и дека ќе работи на подобрување на нивните услови.
Тој се обрати пред комисијата за одбрана и безбедност на горниот дом на парламентот како дел од процесот на потврдување на новиот состав на владата откако петтиот претседателски мандат на Путин почна на почетокот на овој месец.