Контакт

Култура

„Отскокни и ти!“ – натпреварувачки настан во пресрет на Скопскиот поетски фестивал

Објавено пред

„Отскочна даска“ е поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена, а кое е предвесник на претстојниот Скопски поетски фестивал, кој ќе се одржи од 29 август до 1 септември, 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе има натпреварувачки карактер и е наменет за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години. Победникот ќе се претстави на отворањето на фестивалот.

„Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот. Ако сте на возраст од 16 до 25 години и сакате да учествувате на ‘Отскочна даска’, испратете ни две ваши песни на мејлот [email protected] најдоцна до 10 август. Ги очекуваме вашите песни“, велат организаторите.

Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на официјалните Фејсбук и Инстаграм страници на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и од Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

Култура

„Убиј ги прво децата“ – вечерва премиерно на „Браќа Манаки“

Објавено пред

Вечерва, во рамки на заокружувањето на програмата на 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера „Браќа Манаки“, ќе се одржи националната премиера на „Убиј ги прво децата“ – дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец, во продукција на ТРИС ФИЛМС и ДМФ ФИЛМС.

dobivaj vesti na viber

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

„Се вљубив во Јовано, Јованке“ – светски познатиот виолинист Ара Маликијан со песна ве кани на концерт

Објавено пред

Веќе добро знаете дека еден од најуникатните и најизразени виолинисти на својата генерација, Ара Маликијан, на 18 октомври првпат ќе одржи концерт во Скопје, во Македонската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Токму по тој повод светски познатиот виртуоз на виолина испрати покана до сите фанови во Македонија свирејќи ја македонската песна „Јовано, Јованке“ за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби многубројни комплименти.

Дали знаевте дека Ара Маликијан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, а свој концерт одржал и на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

· Има снимено 30 албуми во период од 25 години;
· Настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио;
· Има добиено безброј награди и признанија, а двапати бил номиниран за најдобра класична изведба на Музичките награди во Шпанија;
· На 14 години бил повикан да студира на престижен универзитет;
· Во својот репертоар, освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па сè до „Лед цепелин“ и Николо Паганини.

Маликијан сака да се поврзе со својата публика. Знае да каже дека она што денес го прави не е ниту за телевизиите ниту за менаџерите. Тоа е за публиката, која не бара совршенство, туку да слуша композиција што звучи исто како што звучела пред 300 години. Затоа што публиката сака да биде трогната.

А македонската публика со сигурност ќе биде трогната на 18 октомври кога на сцената во Македонската филхармонија ќе застане виртуозот на виолина, Ара Маликијан.

Концертот на Ара Маликијан во Скопје ќе биде еден и единствен, кој нема да има реприза, затоа побрзајте!

Влезниците имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, „Розе Веро 2“ и „ЈК травел“ во „Бисер“.

Линк од „Јовано, Јованке“ – https://www.facebook.com/share/v/iR7VYNMTPmWMJWef/?mibextid=WC7FNe

Прикажи повеќе...

Култура

Свечено затворање на летната сцена на 2 октомври со „Архангел”, македонски подобро звучи „Едиција 4“

Објавено пред

На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”.

dobivaj vesti na viber

Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

Ве очекуваме!

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Еден од најголемите урагани на овој век ја погоди Флорида, двајца загинати, повеќе од 1 милион корисници останаа без струја

Хелен е „еден од најголемите урагани во Мексиканскиот Залив овој век“, изјави експертот Мајкл Лоури. Иако неколку урагани веќе ги...

Свет3 часа

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет3 часа

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет9 часа

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...

Македонија12 часа

Членството во ЕУ го чекаме од 2005 година, охрабрувани со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, рече Сиљановска Давкова во ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се...

Македонија14 часа

(Видео) Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу...

Топ17 часа

Во училиште во Илинден пронајдена почината вработена

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била...

Македонија19 часа

Во пресрет на грејната сезона: инспектори од еден град ќе вршат надзор на еколошките дозволи на компаниите во други градови

Државниот инспекторат за животна средина ќе тргне во акциска контрола на издадените еколошки дозволи, пред сè, на производните капацитети на...

Македонија20 часа

Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранителите нема да помине, во СДСМ преку ноќ станаа националисти

Владата има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите внатре во владината коалиција, рече денес министерот за животна средина...

Македонија20 часа

Бугарските политичари: Албанија оди напред, а Северна Македонија нека се справува со тоа што самата си го создаде

Лидерот на најголемата формација во парламентот во Бугарија, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го...

Македонија21 час

Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица што не била дел од годишната програма

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување,...

Македонија22 часа

Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекчилниците, помалите маркети

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори...

Македонија22 часа

Се трага по маж од Белгија кој исчезна на Галичица, со себе носел планинарска опрема, а никој не го видел веќе една недела

Службите и граѓаните трагаат по 72-годишен маж на кој веќе една недела му се губи секаква трага. Станува збор за...

Македонија22 часа

Лефков: Генералниот секретаријат на Владата во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност. Според...

Македонија23 часа

„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да...

Македонија1 ден

Тирана може да го престигне Скопје на патот кон ЕУ, Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ, анализираат бугарските медиуми

Она што вчера го одлучија амбасадорите на Европската Унија е ЕУ и Албанија да почнат да ги отвораат преговарачките поглавја...

Свет1 ден

Дуда: Светот не би ѝ простил на Русија за употребата на нуклеарно оружје, проколнат ќе биде првиот што ќе го употреби

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека руската закана да го задржи правото на користење нуклеарно оружје не е ништо ново,...

Регион1 ден

Борел со лидерите на Западен Балкан: Вие сте интегрален дел од иднината на Европа, членството во ЕУ е на дофат под услов да се спроведат клучните реформи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, беше домаќин на лидерите на Западен Балкан, на неформалниот...

Свет1 ден

Иран: Ние сме на работ на катастрофа; Израел: Вие сте пајак во центарот на мрежата на насилство

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека регионот е на работ на катастрофа од целосен обем поради ескалацијата...

Свет1 ден

Гутереш: Либан не смее да стане уште една Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека Либан не може да стане уште една Газа и повика на прекин...