Македонија
Четири починати лица, нови 178 заразени со коронавирус
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на Ковид-19: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.
Регистрирани сe 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес – 31, Кавадарци – 30, Тетово – 29, Штип – 20, Охрид – 19, Гостивар – 17, Кичево – 12, Струмица – 11, Неготино – 10, Гевгелија – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Крива Паланка и Валандово – по 4, Ресен и Берово – по 3, Струга, Кратово и Дојран – по 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72 г и 60 г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67 г) и од Струга (65 г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.7. – 23.7.2022 година.
Направени се 1.238 теста преку: ИЈЗ-37, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-6, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-11, Авицена-18, Биотек-18, Систина-20, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-15, Генеа-0, Никоб лаб-42, ВФВ Медикал-3, Ели медика плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.031
Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 155411, Активни 1725
Куманово 17538, Активни 204
Битола 16934, Активни 298
Прилеп 14905, Активни 189
Тетово 14060, Активни 156
Кавадарци 11452, Активни 201
Велес 10374, Активни 120
Гостивар 9954, Активни 120
Охрид 9637, Активни 203
Струмица 8477, Активни 126
Штип 8441, Активни 98
Кичево 5896, Активни 72
Кочани 5291, Активни 48
Струга 4972, Активни 99
Гевгелија 4602, Активни 56
Неготино 3919, Активни 57
Ресен 2908, Активни 52
Свети Николе 2718, Активни 23
Радовиш 2667, Активни 56
Крива Паланка 2535, Активни 28
Делчево 2017, Активни 3
Дебар 1751, Активни 36
Берово 1737, Активни 15
Валандово 1554, Активни 17
Виница 1419, Активни 16
Пробиштип 1291, Активни 5
Богданци 1051, Активни 11
Кратово 1034, Активни, Активни 24
Крушево 976, Активни 22
Демир Хисар 891, Активни 22
Македонски Брод 771, Активни 9
Демир Капија 606, Активни 2
Македонска Каменица 527, Активни 1
Пехчево 494, Активни 1
Дојран 362, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

