Македонија
Димитриеска-Кочоска: Ковачевски е тој што го прави предавството, ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција, но со достоинство

Неуспешни се сите обиди од страна на СДСМ во кои се обидува да ја обвини ЕУ за лошите состојби во државата, се обиде да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека недоволно ги брани националните интереси. Меѓутоа, мора да знаеме дека уште од почетокот на преговарањето на СДСМ за распродажба на националните интереси тие имаат поставено две цели. Првата цел беше да ја обвинат ЕУ за сето лошо што се случува во државата, односно за лошата состојба, и втората цел што ја имаа поставено беше да инфилтрираат нивни структури во опозицијата, кои постојано ќе коментираат дека опозицијата е премногу блага и недоволно се бори за националните интереси на Македонија. Меѓутоа, ниту едната ниту другата цел не им успеа. Прво, да не заборавиме СДСМ е партијата што во континуитет правеше во годините наназад хајки против ЕУ, да не го заборавиме нападот што го направија врз поранешниот француски амбасадор Тимоние, во исто време граѓаните повеќе од јасно знаат кој е предавникот во државата и точно тие знаат дека предавството не доаѓа од надвор. Предавствата се случуваат во Македонија и тие имаат име и презиме, почнувајќи од Зоран Заев преку Стево Пендаровски за денес да зборуваме дека и Димитар Ковачевски ја продолжи таа предавничка политика, вели Гордана Димитриеска-Кочоска денеска од Тетово одговорајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на СДСМ дека е антиевропска партија.
Димитриеска-Кочоска потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија, која е за влез во Европската Унија на достоинствен начин, а не како што сега тоа го прави власта, укажувајќи дека единствен излез од ваквата ситуација е одржување на референдумот што го бараат, а од кој СДСМ очајно бега.
„Жално е ова што ќе го коментирам, но имам чувство дека се во состојба и сопствената мајка да ја предадат, само за да останат ден повеќе на власт за да може да се збогатат што е можно повеќе да крадат од граѓаните и да не сработат ништо во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е проевропска парија. Партија што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ, и тоа во континуитет се бори и прави. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ достоинствено, а не со понижувања. И единствен излез за тоа е преку референдумот што го бараме, а од кој тие очајно бегаат, заклучи Димитриеска-Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
Гужви на Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Македонија
Денес сонце и температури до 36 степени

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.