Свет
Американскиот Сенат го поддржа влезот на Финска и Шведска во НАТО

Американскиот Сенат го одобри пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО-алијансата, кои се решија на овој чекор откако на 24 февруари почна руската воена инвазија на Украина.
Со нападот на Украина, рускиот претседател Владимир Путин постигна контраефект, бидејќи неговиот потег доведе до најзначајното проширување на НАТО-алијансата од 1990-тите.
Сенатот на Соединетите Американски Држави гласаше 95 против 1 за да ја поддржи ратификацијата на пристапните документи на Финска и Шведска. Во спротивно, пристапот до овие земји мора да биде ратификуван од парламентите на сите 30 членки на алијансата.
– Квалификациите на овие две просперитетни, демократски народи се извонредни и ќе служат за зајакнување на НАТО-алијансата – изјави демократскиот сенатор Боб Менендез, претседател на Комитетот за надворешни односи, повикувајќи на поддршка пред гласањето.
Да потсетиме, во јули сите 30 членки на НАТО го потпишаа протоколот за пристапување на Шведска и Финска, со кој се одобруваа да се приклучат на алијансата со нуклеарно оружје, предводена од САД, откако нејзините членки ќе ја ратификуваат одлуката.
Ратификацијата може да потрае и до една година, иако неколку земји веќе ја одобрија, пренесе Аваз.ба.
US Senate votes to ratify NATO membership for Sweden and Finland in push aimed at strengthening the defense bloc with backdrop of war in Ukraine https://t.co/BvyhgdF8fn
— CNN Breaking News (@cnnbrk) August 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кир Стармер под притисок поради надворешната политика што ги фаворизира Русија и Кина

Британскиот премиер Кир Стармер се најде на удар на критики поради како што се оценува погрешните потези што водат до слабеење на меѓународното влијание на Лондон во Обединетите нации. Весникот „Дејли експрес“ ги објави наодите на Меѓупартискиот комитет за надворешни работи, во кои се предупредува дека сегашната влада несвесно им прави услуга на Русија и Кина.
„Владата на Сер Кир Стармер е предупредена дека Велика Британија им дава „подарок на Кина и Русија“ со ослабување на влијанието на земјата во Обединетите нации“, се истакнува во извештајот што го цитира овој британски дневен весник.
Комитетот предупредува дека недоследноста во надворешната политика, како и обидите да се задоволат одредени меѓународни актери, можат трајно да ја намалат дипломатската сила на Велика Британија. Ваквите случувања, се додава, директно им користат на Москва и Пекинг, кои со години се обидуваат да ги зајакнат своите позиции во глобалните институции.
Според анализата, ваквите чекори можат да имаат далекусежни последици врз способноста на Велика Британија да влијае врз одлуките на Советот за безбедност и другите тела на ОН, во кои интересите на Западот и евроазиските сили се повеќе се судираат.
Фото: принтскрин
Свет
Супертајфун се движи кон Филипините, илјадници евакуирани

Филипините денеска ја прекинаа работата и наставата низ областа Манила и поголемиот дел од земјата, бидејќи супертајфунот „Рагаса“ се приближува кон северен Лузон, најголемиот остров во земјата. Се очекува „Рагаса“ да донесе силни ветрови и обилни дождови.
Националните метеоролошки служби го кренаа степенот на тревога на оддалечените острови Бабујан на највисоко ниво и ги повикаа жителите на ниските и крајбрежните области да се евакуираат поради можноста од бури и поплави.
„Рагаса“ носи максимални ветрови од 205 километри на час и налети до 250 километри на час. Се предвидува дека тајфунот ќе стигне до копно или ќе помине покрај островите Бабујан околу пладне пред да го премине теснецот Лузон.
Тајванските власти издадоа копнени и морски предупредувања и ги откажаа летовите до источните градови, вклучувајќи ги Тајтунг и Хуалиен.
Закана и за Хонг Конг
Според прогнозите, бурата потоа ќе го погоди Хонг Конг додека се движи кон јужниот брег на Кина. „Блумберг њуз“ објави дека властите во финансискиот центар ги предупредиле жителите да се подготват за еден од најсилните тајфуни во последните години и размислуваат да го затворат аеродромот 36 часа.
Филипинските метеоролози предупредија на можни масовни прекини на електричната енергија, лизгање на земјиштето и опасни услови на морето, бидејќи надворешните појаси на бурата веќе го погодуваат северниот дел на Лузон. Авиокомпаниите откажаа повеќе од десетина домашни летови, главно на линиите до Лузон, додека пристаништата ги прекинаа услугите со фериботи.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Се надевам дека ќе се постигне дипломатско решение за Газа, таму владее хаос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се надева дека ќе постигне дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во таа енклава владее хаос.
„Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Постои вистински хаос“, рече Трамп, како што објави денес „Тајмс оф Израел“.
Во исто време, Соединетите Американски Држави сметаат дека признавањето на Палестина од страна на неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.
„Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедноста на Израел и мирот и просперитетот за целиот регион, што е можно само без Хамас“, изјави еден од портпаролите на американскиот Стејт департмент под услов на анонимност, објави „Тајмс оф Израел“.
Фото: принтскрин