Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Денот на републиката, Мицкоски кажа НЕ и на Илинден
Срамно, ниско и недостоинствено беше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, реагираат од владејачкиот СДСМ.
„Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево намерно доцнеше по агендата, ја напушти манифестацијата пред да се интонира државната химна, а собирот на кои илјадници граѓани масовно и достоинствено го чествуваа празникот, ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува во дневно партиски цели.
Мицкоски како и секоја година избега од најважните локации, си правеше приватна прослава со стотина поддржувачи и оттаму сееше омраза и поделби“, се нагласува во соопштението од страна на оваа партија.
Тоа, како што оценуваат во СДСМ, е само показател дека во ВМРО-ДПМНЕ и кај Мицкоски нема основно чувство за државност, нивното дејствување е исклучиво на штета на интересите на граѓаните и државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Mеѓуопштински натпревар во прва помош за учениците од училиштата во Ѓорче Петров
Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учество зедоа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.
„Ова е еден од начините организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст – Карпош преку натпревар да ги едуцира учениците со придобивките од познавањето на првата помош.
Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и на државно ниво и имаат цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како животоспасувачка вештина. Целта е, пред сè, најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош“, велат од Општината.
Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на нашите млади жители во насока на хуманоста и солидарноста, додаваат од Општината.
Македонија
Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата.
„Знаете дека тие ленти не се многу големи, разговаравме во кабинетот, имавме и разни мислења меѓу себе, на пример, јас имав мислење дека може ‘РС Македонија’ бидејќи немаше простор. Но, некако на крајот рековме дека можеби бидејќи јас сум на чело на делегацијата, државна, црковна, ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам многу од нив, многу се логични. Македонија ја претставувавме таму. Но, веројатно во време кога, по мојот говор, по моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, по определувањето за Македонија, врз основа на правото на самоопределување или слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека тоа е не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, одговори Силјановска-Давкова на новинарското прашање.
Македонија
Германската амбасадорка Дрекслер до Кацарска: „Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина“
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, по повод завршувањето на мандатот, како и неколкугодишната успешна соработка.
На средбата беше истакнато заедничкото задоволство од спроведените проекти и активности во Уставниот суд со поддршка на Сојузна Република Германија.
Амбасадорката Петра Дрекслер изрази искрена лична благодарност до претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, за она што е сработено и произлезено од соработката во текот на тригодишниот мандат и резултатите што се добиени во насока на унапредување на работењето на судот.
„На крајот од вашиот мандат се заблагодарувам за одличната соработка. Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина!“, истакна Дрекслер на средбата.
Таа најави дека амбасадата на Република Германија останува на своите заложби и во иднина да ја продолжи соработката во интерес на унапредување на слободите и правата на граѓаните и обезбедување на владеењето на правото. Дрекслер ја истакна поддршката до претседателката Кацарска по последните инциденти и закани што лично ѝ беа упатени.
Ова е втора официјална средба на германската амбасадорка Петра Дрекслер и претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во текот на нејзиниот мандат. Уставниот суд изминатите три години ја зацврсти соработката со германската фондација ИРЗ, која изработи студија за потребата од воведување на уставната жалба, а преку други проекти и невладини организации поддржани од Сојузна Република Германија беа остварени средби во Уставниот суд во Словенија и беа организирани конференции со реномирани домашни и меѓународни експерти на тема уставна жалба во Република Северна Македонија.