Македонија
Нуредини: Помагаме во чистењето на дивите сметишта, но општините мора да ги обезбедат услугите и во најизолираните населби
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП Хисен Џемаили и директорот на ЈУНП „Шар Планина“ Ибрахим Дехари направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на националниот парк Шар Планина.
Активностите опфаќаат чистење на 16 диви депонии во општина Тетово и 12 диви депонии во општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар и транспорт на отпадот до депонијата „Русино“.
Средствата потребни за реализација на овие активности се обезбедени од страна на МЖСПП.
Во оваа пригода министерот Нуредини укажа на обврската општините, согласно Законот за управување со отпад доследно да го спроведуваат начелото на универзалност на услугите и да обезбедат собирање и транспорт на комуналниот отпад и целосно покривање на подрачјето на кое ја извршуваат јавната услуга за управување со отпад, вклучително и изолираните населби.
Според Нуредини, единствено на овој начин може да се спречи повторното појавување на „диви депонии“ во овие општини со што средствата инвестирани во активноста ќе ја постигнат целта – чиста и здрава животна средина и подобри животни услови на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

