Свет
Премиерот на Јапонија: Кина веднаш да ги прекине вежбите во Тајванскиот Проток
Јапонскиот премиер Фумио Кишида повика на „итно запирање“ на кинеските воени вежби насочени кон Тајванскиот Проток.
Кишида, по средбата со американската функционерка Ненси Пелоси во Токио, рече дека Јапонија апелирала за итен прекин на воените вежби, кои тој ги опиша како „сериозен проблем што влијае на националната безбедност на Јапонија и нејзините граѓани“, пренесе „Гардијан“.
Јапонија апелираше за итен прекин на воените вежби, кои ги опиша како „сериозен проблем што влијае на националната безбедност на Јапонија и нејзините граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск вети бесплатен интернет во регионот погоден од шумските пожари
Илон Маск рече дека Starlink, провајдер на сателитски интернет во сопственост на SpaceX, ќе започне да нуди бесплатни терминали во областите погодени од шумски пожари почнувајќи од петок.
Маск го потврди ова на Икс како одговор на видеото од локалниот известувач од ТВ станицата FOX 11, кој рече дека станицата се потпира на Starlink за емитување вести. „Единствената причина поради која можете да не видите сега е поради врската Starlink што ја добивме денес. Апсолутно нема мобилна услуга во целата оваа област“, рече новинарката.
Starlink користи физички терминали за поврзување со констелација сателити за да обезбеди интернет низ целиот свет.
Маск претходно им ги нудел овие врски на луѓето во итни случаи. Обезбеди бесплатен интернет за погодените од ураганите Хелен и Милтон, а извештаите покажуваат дека SpaceX дистрибуирал илјадници приемници потребни за поврзување со Starlink во тоа време.
Нејасно е како компанијата ќе определи кој и каде ќе ги дистрибуира терминалите и колку долго оние кои ќе добијат пристап до нив ќе можат бесплатно да се поврзат на интернет.
Свет
ЕУ: Очекуваме позитивен дијалог со Трамп
Европската унија очекува позитивен дијалог со новата американска администрација заснован на заеднички вредности и интереси, порачаа денеска претседателот на Европската комисија и претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста.
„Очекуваме позитивен дијалог со новата американска администрација заснован на нашите заеднички вредности и интереси. Во суров свет, Европа и САД се посилни заедно“, рекоа фон дер Лајен и Коста во координирана изјава објавена на социјалните медиуми.
Лидерите на институциите на ЕУ за првпат се изјаснија по серијата потези на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кои предизвикаа немири на целиот континент. Во последните денови Трамп изјави дека ја сака Канада како 51-ва американска држава, потоа дека го сака Гренланд, остров во рамките на Данска кој ужива голема автономија, и контрола над Панамскиот канал.
Освен тоа, блискиот соработник на Трамп, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, продолжува да се меша во политичките процеси во европските земји. Веќе со недели, на социјалната мрежа Икс, ја напаѓа британската влада на премиерот Кир Стармер и отворено ја поддржува германската крајнодесничарска Алтернатива пред предвремените избори на 23 февруари.
Коста и фон дер Лајен наведуваат дека САД се еден од најблиските партнери на Европа и дека ЕУ е посветена на зајакнување на трансатлантските врски, но и дека секогаш ќе ги штити своите граѓани, интегритетот на своите демократии и слободата.
Регион
(Видео) „Ноќните волци“ на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука
На улиците на Бања Лука, како дел од парадата организирана од властите на Република Српска по повод одбележувањето на 9 јануари како ден на тој ентитет, се појавија членовите на контроверзната руска мото група „Ноќни волци“ пишува Кликс.ба.
Članovi Moto kluba Noćni vukovi na defileu povodom neustavnog dana Republike Srpske u Banjoj Luci. Oficijelni spiker je tokom defilea saopćio da je član Noćnih vukova ruski predsjednik Vladimir Putin. Pored zvaničnika RS, defileu prisustvuju potpredsjednik Vlade Srbije Aleksandar… pic.twitter.com/wcvhl61v8X
— Istraga.ba (@IstragaB) January 9, 2025
Парадата, која се одржа на главната градска улица, ги собра членовите на Министерството за внатрешни работи на РС, ученици, студенти и разни граѓански здруженија.
Paradi prisustvuju ambasador Rusije, potpredsjednik Srbije Aleksandar Vulin i članovi ruskog moto kluba Noćni vukovi koji su pod EU sankcijama.
Više o Noćnim vukovima: https://t.co/62ImSrJBha pic.twitter.com/2lhZY2m0Jw
— Detektor.ba (BIRN BiH) (@detektor_ba) January 9, 2025
Сепак, присуството на Ноќните волци привлече особено внимание, најмногу поради нивната репутација, според Кликс.
Ruski Noćni vukovi u Banja Luci nosili zastave s Putinovim likom! pic.twitter.com/uFD4lcrRm1
— Vijesti.ba (@Vijesti_ba) January 9, 2025