Свет
Блинкен: Воените вежби на Кина се ескалација
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека воените вежби на Кина насочени кон Тајван, вклучително и проектили испукани кон ексклузивната економска зона на Јапонија, претставуваат ескалација.
Кинеските воени вежби беа започнати откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван во вторникот.
„Кина избра да претерано реагира и да ја искористи посетата на Пелоси како изговор за засилување на провокативните воени активности во и околу Тајванскиот Проток“, рече Блинкен на конференција во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.
Блинкен, исто така, рече дека САД цврсто стојат во солидарност со Јапонија по „опасните акции преземени од Кина“, пренесе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пензионери во Полска шверцувале дрога вредна околу 950.000 евра
Двајца пензионери се приведени во Полска откако со караван се обиделе да прошверцуваат дрога вредна четири милиони злоти (околу 950.000 евра) од Шпанија во Полска.
Според соопштението на полската полиција, тие посетиле многу места на пат низ Европа, а во еден од шпанските градови, освен разгледување и сончање, купиле и речиси 60 килограми марихуана, која ја сокриле во камп приколка, пренесува агенцијата ПАП.
Во близина на Варшава, полицијата го запрела нивното возило и по темелно пребарување, во ѕидовите на приколката пронашла вреќи со марихуана.
Свет
Џо Бајден стана прадедо
Aмериканскиот претседател, Џо Бајден, стана прадедо.
Неговата внука Наоми Бајден (31) се породи во средата во Калифорнија.
„Добрата вест е што од денес, јас сум прадедо“, им рече Бајден (82) на собраните новинари во Калифорнија. Тој додал дека неговата внука родила „девојче тешко 4,6 килограми“, но брзо се поправил и рекол „момче е“.
Неговата сопруга Џил Бајден на Инстаграм ја објави нивната прва заедничка фотографија со внукот.
„Горди сме што ве запознаваме со нашиот правнук“, напиша 73-годишната Џил на Инстаграм.
Наоми е ќерка на синот на Бајден, Хантер и неговата поранешна сопруга Кетлин Буле.
Свет
Либанскиот парламент ги одложи претседателските избори по неуспехот на првиот круг на гласање
Претседателот на либанскиот парламент Набих Бери ја одложи седницата за избор на нов претседател откога првиот круг на гласање не донесе доволно гласови за командантот на либанската армија, Џозеф Аун.
На Аун му беа потребни 86 гласа за да биде избран, но тој собра 71, објави „Ројтерс“.
Два политички извора рекоа дека се очекува Аун да го помине прагот од 86 гласа.