Регион
Ќучук: Не се согласувам дека историјата е турната некаде под килим, прашањето е каде сака да биде Северна Македонија

„Историјата е составен дел на преговарачиот процес, таа не е турната под килим, напротив – заедничката историска комисија треба да го исполни со содржина нејзиниот мандат“.
Ова меѓудругото во интервју за бугарското радио „Фокус“ го изјави Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за РСМ во Европскиот парламент.
На прашање зошто Илинденското востание не се одбележа заеднички, како национален празник на двата народа тој вели:
„Не ја пречкртавме, бидејќи историјата е составен дел на преговарачиот процес и не се согласувам дека е турната некаде под килим. Токму обратното, историјата како наука, која е конзервативна, треба да биде оставена во рацете на историчарите. Таков мандат ѝ е даден на соодветната историска комисија, и тој мандат треба да биде исполнет со содржина. И таа навистина да работи во духот на науката, во духот на заемното разбирање, да бидат најдени оние допирни точки што биле во минатото и да бидат побарани нови допирни точки кои треба да стапат во иднината. Тоа e неизбежно поврзано со членството на Северна Македонијa во ЕУ. Таму можат да најдат место и Бугарија, и Северна Македонија, и тоа не му противречи на националниот интерес на Бугарија – напротив, го збогатува и го задолжува да биде многу посоодветен кон новите реалности што се случуваат“ – вели Ќучук.
Отсуството на заедничко чествување Ќучук го припишува на нестабилната политичка ситуација.
„Ќе видиме како ќе биде догодина. Но со сигурност, секој заеднички обид да се одбележат такви датуми е задолжителен во нашите односи, ако тие имаат природно разбирање да врват кон иднината, а не кон национализмот, кон градење допoлнителни ѕидови” – рече тој.
Според него, потребна е оценка каде сака да оди македонското општество.
„Сега е дојдено времето да се врати довербата, откако се формализираа односите и тоа праведно, со договор кој треба да ги зацврсти односите меѓу двете земји, со посебен протокол, треба да бидат направени сите напори од бугарска и македонска страна за да проработат механизмите што се запишани, а не да останат лист хартија без да бидат реално исполнети. И да оставиме спокојно, во рамките на легитимниот мандат историската комисија да бара различни формулации, ако е неопходно – и со дејство на други нивни колеги, доколку тоа го помага процесот. Така што, прашањето е каде сака да биде Северна Македонија? Знам дека има луѓе кои сакаат да ја извлечат, и политичари кои имаат визија да ја извлечат на правилниот пат, да ја водат, има и такви кои сакаат да ја влечат во обратна насока. Тоа треба да го реши самата македонска елита“ – вели Ќучук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силна бура го парализираше црногорското приморје, најкритично во Котор

Силна бура го погоди црногорскиот приморски појас утрово, оставајќи го Котор и околните градови под тежок пороен дожд. Которскиот Залив е целосно погоден од силниот дожд и ветрови, а морето е разбрането, со големи бранови кои се спојуваат со сивото небо.
Туристите, кои вчера уживале во пливање, денес се соочуваат со потполно нестабилни услови.
„Колку и да уживавме во пливањето вчера, денес можеме да пливаме на улица“, изјавил еден од нив.
Ситуацијата е особено критична во близина на Вирпазар, каде што сообраќајот е прекинат поради несреќа, објави РТЦГ. Локалните власти апелираат на внимание и ги советуваат граѓаните да ги следат предупредувањата за безбедност.
Регион
(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје околу 4 часот утрото, пренесува N1.rs.
Летот, кој бил закажан 15 минути по полноќ, првично бил пријавен како празен, што ги изненадило и полицијата и вработените на скопскиот аеродром.
Јелена, една од патничките, изјавила дека околу 200 лица излегле од авионот, без претходна информација за пренасочувањето. Патниците најпрво добивале СМС-пораки за одложување, а потоа, во 4:20 часот, полетале кон Скопје. На аеродромот биле задржани во авионот подолго време, а не им било дозволено да излезат сè додека една жена не почувствувала влошување на здравјето. На крајот, патниците останале на празен аеродром додека не им бил обезбеден автобус за Белград.
Пилотот им појаснил дека неговото работно време е завршено и дека повеќе информации ќе добијат на аеродромот, но и таму вработените биле целосно збунети бидејќи им било пријавено дека авионот е празен. Патниците се обратиле и до Амбасадата на Србија, но добиле одговор дека не може ништо да се стори, со образложение дека „аеродромот во Белград не работи и не прима авиони“.
Според официјалните информации, веб-страницата на белградскиот аеродром го прикажува летот како откажан, додека на македонскиот аеродром е евидентиран како реализиран, но со задоцнување од повеќе од три часа. На веб-сервисот FlightRadar се забележува дека авионот наместо во Белград, слетал во Скопје, без објаснување за причините.
Регион
Српската туристка која исчезна додека пливала кај Солун е пронајдена мртва

Жена (76) од Србија, која се водеше како исчезната од синоќа во близина на Солун, е пронајдена мртва утрово кратко по 8 часот, во морскиот регион, јавува „Прототема“, пренесува „Танјуг“.
Грчката крајбрежна стража вчеравечер ја започна потрага по исчезната пливачка во близина на градот Агиа Триада, во близина на Солун.
Порталот „Прототема“ објавија дека жената отишла на пливање со двајца пријатели, а крајбрежната стража била известена за нејзиното исчезнување околу 21:30 часот по локално време.
Во спасувачката операција учествувале два брода на крајбрежната стража, брод во близина и рибарски чамец. На барање на крајбрежната стража беше мобилизиран и грчки спасувачки тим, кој пристигнал за да помогне, заедно со екипаж од четири члена волонтери и спасувачкиот брод „Один“.
Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на околуниот дел од морскиот брег и отвореното море во надеж дека ќе ја најдат исчезнатата туристка жива и здрава.