Спорт
Хачанов буквално ја стави главата во фрижидер, но и тоа не му помогна
Високите температури им прават големи проблеми на тенисерите на американската турнеја. Видеото кое најдобро ги прикажува маките на играчите доаѓа од Вашингтон каде Карен Хачанов најде необичен начин да се разлади.
На температура од 35 Целзиусови степени, рускиот тенисер реши да го отвори фрижидерот и да ја стави главата во него за малку да се освежи пред да продолжи мечот.
Тоа на крајот не му помогна многу, бидејќи неговиот ривал Јошихито Нишиока се пласираше во четврт-финалето на турнирот.
Хачанов е 24. играч во светот и има четири титули во кариерата.
When the heat gets too much ????@karenkhachanov #CitiOpen pic.twitter.com/QNqryCwceL
— Tennis TV (@TennisTV) August 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дуран ќе пропушти три натпревари
Фудбалскиот клуб Астон Вила денеска потврди дека жалбата за црвениот картон на Џон Дуран е одбиена.
Како што е познато, Дуран заработи црвен картон на гостувањето кај Њукасл, во поразот од 3:0.
Дуран ќе ги пропушти натпреварите со Брајтон и Лестер, како и натпреварот од ФА Купот со Вест Хем на 10 јануари.
Колумбискиот напаѓач ќе му биде на располагање на Унаи Емери за гостувањето кај Евертон на 15 јануари.
Добра вест за Вила е што Оли Воткинс се враќа во тимот и ќе биде на располагање за претстојните натпревари.
Спорт
Кирјос за Синер и Швјонтек: Интегритетот на тенисот е на најниско ниво
Ник Кирјос вели дека случаите на допинг на Јаник Синер и Ига Швјонтек кои го потресоа тенискиот свет се „одвратни“. Кирјос повторно остро зборуваше за луѓето кои треба да носат одлуки во интерес на спортот.
Светскиот рекет број еден Јаник Синер двапати падна на допинг тест, но мина без казна. Сега чека на одлуката на Судот за спортска арбитража, кој ќе одлучува по жалбата на Светската антидопинг агенција.
Ига Швјонтек, беше суспендиран на еден месец по позитивен допинг тест.
„Мислам дека начинот на кој нашиот спорт се справи со ова е ужасен. Најдобрите во машка и женска конкуренција беа позитивни на допинг тест, тоа е одвратно за нашиот спорт. Тоа изгледа страшно“, им рече Киргиос на новинарите во Бризбејн.
„Интегритетот на тенисот, сите го знаат, и никој не сака да зборува за тоа, е на најниско ниво. И тоа не е во ред. Знам дека на луѓето не им се допаѓа кога зборувам за тоа, кога сум искрен. Но, како дете кое пораснало играјќи тенис, кое ужива да се натпреварува, да игра… можам емотивно да реагирам. И да го фрлам рекетот. Но, тоа не е ништо во споредба со мамење и земање лекови кои не се дозволени. Мислам дека тоа е смешно“, додаде Австралиецот.
Спорт
(Видео) Светскиот првак во шах и порача на ФИДЕ да се е.е
Најдобро рангираниот светски шахист Магнус Карлсен е дисквалификуван од Светското првенство во брз шах.
Причиназа дисквалификацијата била гардеробата. Карлсен носел фармерки.
Карлсен на претпоследниот ден од натпреварувањето се појавил облечен во фармерки и седмото и осмото коло го одиграл во фармерки, откако ФИДЕ го предупреди дека го прекршува кодексот на облекување.
Тој рекол дека следниот ден ќе дојде адекватно облечен, но од ФИДЕ побарале да го стори тоа пред деветтото коло.
Набрзо објави дека се повлекува од Светското првенство.
„Тие можат да ги спроведуваат сопствените правила, јас сум во ред со тоа, а мојот одговор е: „Добро, можте да се е..те“.
Magnus Carlsen : “I'm out, f*uck you”
Credits : @TakeTakeTakeApp#RapidBlitz pic.twitter.com/uLenPxkbVX
— Utsav 💙 (@utsav__45) December 27, 2024