Спорт
Левандовски претставен на „Камп Ноу“: Сакам да освоиме многу титули заедно
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски денеска е претставен на „Камп Ноу“ како нов играч на каталонскиот клуб. Тој дојде од Баерн Минхен за сума од 50 милиони евра, а беше пречекан од голем број фанови.
„Среќен што дојдов во голем клуб како Барселона и ќе имам шанса да играм на „Камп Ноу“. За мене ќе биде посебна привилегија да играм пред вакви навивачи и се надевам дека заедно ќе славиме многу титули“, изјави Левандовски.
Полјакот ќе го носи дресот со број „9“ кој досега му припаѓаше на Мемфис Депај.
Robert Lewandinho! ???? pic.twitter.com/sNzcJbhPoW
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2022
“I am always ready to play #ElClásico“
— @lewy_official pic.twitter.com/bTV4KEZIEg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гакпо: Верувам дека Салах ќе остане во Ливерпул
Фудбалерот на Ливерпул Коди Гакпо се надева дека неговиот соиграч Мохамед Салах ќе го продолжи договорот и ќе остане во клубот.
Договорот на Египќанецот со „црвените“ истекува на крајот од сезоната, а се уште не му е понуден нов, што со месеци предизвикува различни коментари.
Салах игра во одлична форма оваа сезона, викендов стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој пред Божик успеал да оствари дабл-дабл (15 гола и 11 асистенции).
„Сведочиме на нешто извонредно. Количината на голови што ги постигнува, но и асистенциите што ги дава, начинот на кој игра, како ги става другите напаѓачи или играчи од средниот ред како мене во позиција да постигнуваат голови и да бидат опасни, сето тоа е на високо ниво. Се надевам дека може да продолжи вака уште долго. Имаме голема среќа што го имаме и горди сме што сме негови соиграчи и се трудиме да го направиме уште подобар. И тој се обидува да не направи подобри“, рече Гапко за клупската интернет страница..
Спорт
Кузмановски: Имаме доволно време да се подготвиме за СП
Извор/ facebook.com/rfmofficial
Најдобрите македонски ракометари продолжуваат со подготвките за настап на Светското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници, во Стара Пазова ја одработуваат првата фаза. Филип Кузмановски ја пренесе атмосферата во националниот тим.
„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив.
Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството.
Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“.
Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15.јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна од 18 часот Македонија ќе игра против Холандија, а на 19.јануари последен противник во групата на избраниците на Лазаров ќе им биде Гвинеја.
Спорт
Хелмут Марко за Ф1-сезоната: Пресуди факторот Макс
Макс Ферстапен неодамна ја освои својата четврта последователна шампионска титула во Формула 1.
Хелмут Марко, еден од советниците во Ред Бул, истакна дека пресудни биле неверојатните возачки квалитети на Холанѓанецот.
„Ако ги погледнете последните шест месеци, јасно е дека и Мекларен и Ферари беа побрзи од нас. Сепак, Ферстапен успеа да ја неутрализира разликата со одлично возење. Го имавме тој Макс фактор“, вели Марко.
Како клучен момент ја издвојува победата на Ферстапен на дождот во Бразил, кога триумфот го оствари од 16. место.
„Тоа беше неверојатно возење, доказ дека Макс е пред сите. Помогна тоа што и покрај проблемите со болидот, немавме многу технички грешки во текот на трката“, заклучи Марко.