Црна хроника
Затекнати малолетници во угостителски објекти во Прилеп при конзумирање алкохол

На 05/06.08.2022, согласно планот на СВР Битола-Отсек за превенција во рамки на проектот „Безбедно лето“, во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица Прилеп, на подрачјето на Прилеп беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта и др.
Притоа беше извршена контрола и посета во повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови.
Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои конзумирале алкохол. По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Целта на ваквите активности е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во своите дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.
Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.