Македонија
На Табановце се чека еден час, на Богородица до половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Реконструкција на улицата “Боро Кралевски” во Радишани

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски изврши увид во активностите за реконструкција на улицата “Боро Кралевски”, во должина од 568 метри.
Од општината најавија дека градежната офанзива во населба Радишани продолжува.
„Локалната самоуправа целосно ги реконструираше улиците “Симче Настевски”, “Киро Димушков” и “Скоевска”. Покрај тоа, во завршна фаза е изградбата на мега-паркот и плоштадот, на површина од 10.000 м2.
Реализацијата на овие проекти во Радишани претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел“.
Македонија
Платите во јули пораснале за над 10,5 отсто во споредба со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени првпат по долго време, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со информацијата за движењето на платите.
„Никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата“, кажа премиерот.
Според него, токму со ваквите податоци од статистика, се распрснуваат тезите на опозициската партија СДСМ дека платата не растела и дополни дека вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година.
„Но, она коешто е важно е дека сите оние тези на СДСМ, дека платата не растела, дека долгот се зголемувал, дека сме ги задолжиле неродените генерации со седум милијарди итн, полека но сигурно, како меур од сапуница, се распрснуваат. Имено, вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година, којшто, впрочем, беше и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите не само што не растеле, туку и се намалувале, не држи вода“, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека на крајот од вториот квартал заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за 4%, другиот за 2,7%.
„Исто така, СДСМ има уште една теза, повторно лажна, а тоа е дека сме ги задолжиле неродените генерации. Министерството за финансии излезе со јасен дијаграмски приказ колкав е процентот на државниот и јавниот долг од бруто-домашниот производ, и многу лесно можете да забележите дека на крајот од вториот квартал, заклучно со месец јуни 2025, за првпат после многу долго време, и државниот и јавниот долг се намалени едниот за 4%, другиот за 2,7%.
Мицкоски им препорача на опозицијата, да бидат конструктивни, да научат од грешките во минатото и да не ги повторуваат.
Македонија
За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата спортска сала во училиштето „Димитар Поп Беровски“, тој рече дека чувствува одговорност што ја поддржал Арсовска и најави дека за сегашната состојба поради која градот е затрупан со ѓубре, ќе има одговорност и дека на тоа веќе работат.
„Работиме внимателно. Ние не правиме естрада од ништо, водиме политика, која е многу внимателна. Процесите што ги водите имаат одговорност и на крајот тој процес мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, одговори премиерот Мицкоски на прашањето дали МВР влегло во ЈП „Комунална хигиена“, каде што очигледно нешто ги сопира камионите да излезат и да го соберат ѓубрето.
Премиерот го искористи новинарското прашање за несобраното ѓубре и им направи реклама на кандидатите за градоначалници на Скопје и на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ. Двапати повтори дека Орце Ѓорѓиевски ќе победи во првиот круг и веднаш по победата, во првите 72 часа, ќе направи генералка во Скопје, а тоа ќе го направи и Александар Стојковски за кого рече дека ќе биде избран за градоначалник во Ѓорче Петров. Генералка од сметот што ќе го остават градоначалниците што ќе си заминат премиерот најави во сите општини во кои ВМРО-ДПМНЕ има свои кандидати.