Црна хроника
Автомобил удри малолетно лице во Скопје, со тешки повреди пренесено во болница

Малолетник е тешко повреден откако вчера во него удрил автомобил на бул.„Александар Македонски“ во Скопје.
Според информациите, С.Ш.(29) од с.Марино, општина Илинден, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во пасат откриени десет мигранти на возраст од 15 до 39 години

Десет мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија, открила полицијата ноќеска во патничко возило „фоксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР во дневниот билтен, возилото било забележано во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“ од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ.
„Откако ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија“, наведува Министерството за внатрешни работи.
По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Полицијата уапси четворица возачи под дејство на алкохол

Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 2:11 часот го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта.
МВР информира дека на автопатот Скопје – Куманово, во петокот (8 август) во 21 часот, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ кое тој го управувал. При извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.
При сообраќајна контрола во Битола, ноќеска во 2:55 часот, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, кое го управувала М.А.(25) од Битола, и при извршена контрола било констатирано дека го управувала под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од ОВР Ресен во петокот во 23.26 часот, го лишиле од слобода Б.Д.(43) од струшкото село Ливада. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „форд“, кое го управувал Б.Д., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
-По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
МВР го разреши началникот на Демир Хисар

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверка по објавено видео од претрес во Демир Хисар. Во текот на проверките е констатирано непрофесионално и неетично однесување на началник од ОВР Демир Хисар.
За наведеното лице е покрената дисциплинска постапка, а со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата.
Министерството за внатрешни работи јасно го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата постои за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.