Свет
Најмалку седум лица загинаа во поплавите во Јужна Кореја

Најмалку седум лица загинаа во текот на ноќта во и околу јужнокорејскиот главен град Сеул откога обилните дождови ја прекинаа струјата, предизвикаа лизгање на земјиштето и ги оставија патиштата и метрото под вода, соопштија денеска властите.
Најмалку пет лица загинаа во Сеул и уште две во соседната провинција Ѓеонги до утринава, соопшти Централниот штаб за вонредни состојби зголемувајќи го денеска највисокото ниво на тревога, пренесува „Ројтерс“.
Четири лица загинаа кога останаа заробени во поплавените згради, а се верува дека едно лице починало од струен удар.
Уште едно лице е пронајдено мртво под урната автобуска постојка, а друго е убиено во лизгање на земјиштето, се вели во соопштението на корејските власти. Најмалку девет лица се повредени, а уште шест се водат како исчезнати.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол претседаваше со состанок за итен одговор и им нареди на властите да се фокусираат на спречување нови жртви и брзо контролирање и закрепнување на поплавените области, соопшти штабот.
Во јужниот дел на Сеул вчера паѓаа повеќе од 100 мм дожд на час, а во некои делови од градот паднаа 141,5 мм дожд, што е најлошото време со врнежи во последните децении, соопшти Корејската метеоролошка агенција (КМА), пренесува „Ројтерс“.
Насобраното количество врнежи во Сеул од полноќ во понеделникот изнесуваше 420 мм до 5 часот наутро, а повеќе врнежи се предвидуваат за денеска.
Во градскиот гламурозен кварт Гангнам некои згради и продавници се поплавени и без струја, а многубројни автомобили, автобуси и станици на метрото целосно се под вода, наведува британската агенција.
КМА издаде предупредувања за обилни врнежи во главниот град и градското подрачје од 26 милиони луѓе, со обилни врнежи се очекува да продолжат во централниот дел на земјата најмалку до среда, јавува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Уставниот и институционалниот ред мора да се зачуваат на Мадагаскар

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека уставниот и институционалниот ред на Мадагаскар мора да се зачуваат.
Макрон, по самитот во Египет за примирјето во Појасот Газа, рече дека не може веднаш да ги потврди информациите од медиумите дека Франција му помогнала на претседателот на Мадагаскар, Андриј Раџоелина, да избега од земјата, објави „Ројтерс“.
Мадагаскар, земја со 30 милиони луѓе, од кои три четвртини живеат во сиромаштија, има бруто домашен производ по глава на жител кој се намалил за 45 проценти од независноста во 1960 до 2020 година, според податоците на Светската банка.
Оваа источноафриканска земја, која е најпозната по производството на најмногу ванила во светот, исто така извезува никел, кобалт, текстил и остриги, потсети „Ројтерс“.
Таканаречените протести од генерацијата „З“ почнаа минатиот месец поради недостиг на вода и електрична енергија, што доведе до судири со безбедносните сили во кои загинаа најмалку 22 лица.
Свет
Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.
Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.
Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.
Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“.
Свет
Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“.
„Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social.
Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со фотографија од корицата на книгата на италијанската лидерка, која штотуку беше преведена на англиски јазик.
„Земете го вашиот примерок денес“, предложи Доналд Трамп.