Македонија
Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.537 теста, а регистрирани се нови 679 случаи на Ковид-19: Скопје – 273, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30, Тетово – 28, Прилеп – 24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10, Кичево, Ресен, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево – по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (679), регистрирани се 130 реинфекции.
Регистрирани сe 291 оздравен пациент, и тоа од: Охрид – 79, Битола – 39, Струга – 33, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Прилеп – 17, Кичево – 11, Скопје и Велес – по 9, Неготино – 8, Гевгелија и Радовиш – по 7, Куманово и Ресен – по 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Штип и Демир Хисар – по 2, Виница , Крушево, Богданци и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавено пријавено починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.537 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-38, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–98, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-33, Биотек-62, Систина-52, лабораторија Лаор-18, Синлаб-16, Ремедика-10, Плодност-14, Генеа-5, Никоб лаб-41, ВФВ медикал-13, Ели медика плус-6, Ројал медика–2, Спектра-ММ-17, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–6, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 698.
Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 156.848, Активни 1.826
Куманово 17.696, Активни 191
Битола 17.183, Активни 287
Прилеп 15.047, Активни 190
Тетово 14.197, Активни 205
Кавадарци 11.618, Активни 186
Велес 10.487, Активни 129
Гостивар 10.085, Активни 156
Охрид 9.798, Активни 185
Струмица 8.554, Активни 133
Штип 8.515, Активни 100
Кичево 5.950, Активни 68
Кочани 5349, Активни 70
Струга 5.051, Активни 101
Гевгелија 4.666, Активни 69
Неготино 3.992, Активни 78
Ресен 2.942, Активни 45
Свети Николе 2.741, Активни 25
Радовиш 2.730, Активни 82
Крива Паланка 2.558, Активни 23
Делчево 2.031, Активни 16
Дебар 1.772, Активни 31
Берово 1.770, Активни 35
Валандово 1.570, Активни 15
Виница 1.435, Активни 19
Пробиштип 1.289, Активни 1
Богданци 1.061, Активни 14
Кратово 1.061, Активни 27
Крушево 995, Активни 31
Демир Хисар 902, Активни 21
Македонски Брод 773, Активни 7
Демир Капија 614, Активни 7
Македонска Каменица 530, Активни 4
Пехчево 493, Активни 0
Дојран 364, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Божиновска со студентите инженери од проектот „Македонска Формула“: Македонија има талент за европската инженерска сцена
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини оствари работна средба со студентите инженери од проектот „Македонска Формула“. Тимот MES Racing – првиот и единствен македонски Formula Student тим, кој успешно ја претставува државата на меѓународната инженерска и технолошка сцена.
На средбата, студентите го презентираа својот проект, визијата и досегашните активности, преку кои младите инженери стекнуваат практични знаења и работат по принципи на реална инженерска компанија, развивајќи иновативни решенија и современи технологии. На проектот работат четириесетина студенти од различни факултети и секој во рамки на својата област дава придонес за развој на овој проект.
Министерката ја нагласи важноста од континуирана институционална поддршка за младите инженери, потенцирајќи дека инвестицијата во нивното знаење, креативност и иновации е директна инвестиција во иднината на државата. Таа истакна дека ваквите студентски иницијативи се од исклучително значење за развојот на техничките науки, јакнењето на домашниот инженерски кадар и задржувањето на младите таленти во земјата.
„Наш приоритет е да создадеме средина во која младите инженери ќе бидат охрабрени, поддржани и мотивирани да ги развиваат своите идеи и иновации. Проекти како ‘Македонска Формула’ покажуваат дека Македонија има знаење, визија и потенцијал да биде дел од европската и светската инженерска заедница,“ истакна министерката.
Од тимот MES Racing нагласија дека поддршката и соработката со институциите претставуваат значаен поттик за понатамошен развој на студентското инженерство, како и за унапредување на практичната едукација и технолошките капацитети во земјата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на поддршка на младите, науката, иновациите и инженерските решенија, како клучен сегмент во градењето на одржлива и конкурентна економија, додаваат од министерството.
Македонија
Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година, истакнуваат од СДСМ.
„Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица.
Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Се беше подготвено, сега само се реализира планот. Склучија „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странци со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа“.
Ги скратија процедурите, додаваат од опозициската партија, го продолжија времетраењето на дозволите.
„Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има „стратешки парнер“ секако. Донесоа резолуција – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти.
Тоа што се подготвуваше, почна“.
Македонија
Лекарската комора дава поддршка за новиот Закон за заштита од пушење
Лекарска комора на Република Северна Македонија изрази поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, оценувајќи дека тие се во насока на унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи.
Од Комората посочуваат дека лекарите секојдневно се соочуваат со последиците од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад, кои, како што наведуваат, се директно или индиректно поврзани со кардиоваскуларни заболувања, малигни болести, хронични белодробни состојби и други сериозни здравствени проблеми.
Следејќи ги добрите европски практики, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници, особено кај младите, поефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање поздрава животна и работна средина.
Во соопштението се нагласува дека здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси и дека доследното почитување на законските ограничувања може да резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество.
Од Лекарската комора информираат дека остануваат подготвени активно да учествуваат во подигање на јавната свест за опасностите од употребата на тутунски и никотински производи и да дадат поддршка на мерките кои водат кон поздрава и побезбедна заедница.

