Црна хроника
29 казни за непропуштање пешаци на пешачки во Тетовско
Денеска (10.8.2022) во периодот од 9:00 до 14:00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 29 возачи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
21-годишен скопјанец ги нападнал двете сестри
Синоќа околу 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Л.(21) од Скопје.
Тој претходно физички ги нападнал неговите две сестри.
По целосно документирање на случајот, соопшти МВР, против него ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Таткото го пријавил момчето на својата малолетна ќерка дека извршил обљуба врз неа
Вчера во 09.00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од Скопје пријавил дека едно лице, со кое неговата малолетна ќерка била во врска, извршило обљуба врз неа.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претепан возач на пајак-службата
Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, М.В.(49) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на возило во пајак служба, бил физички нападнат од М.Ј.(48) од Скопје.
На него претходно му било подигнато возилото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.