Црна хроника
Во Ресенско откриена нелегална сеча на дрва, следуваат кривични пријави

На 11.8.2022 во 9:15 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи бил лишен од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.
Извршен е увид на местото на настанот. Истиот ден, во 11:00 часот полициски службеници, постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано Бела Вода, атар на с. Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.
Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми”- подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Беровец од погребално претпријатие пријавен дека во депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, МВР го расчистува случајот

Пред два дена во полицијата во Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општината како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово.
„Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад.
По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација. Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во селото Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек“, велат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден.
„Амбулантата во моментов се реновираа, а при ископот најдени се коски, слични на човечки“, информираа од МВР.
Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
(Видео) Кавадарчанец со „бмв“ дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава

Полицијата запре „бмв“ управувано од Р.С. од Кавадарци и привремено го одзеде поради создавање на бучава.
Според информацијата на полицијата, возачот бил сопрен поради претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.
Во станица за технички преглед било извршено мерење на бучава и утврдено дека е над дозволената, велат од МВР.
Возилото е привремено одземено на период од 90 дена.